Пленарна седница на Европарламентот 18.4.12...



Среда, 18 април 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, вчера ја отвори пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае до 20 април, притоа посакувајќи им добредојде на дванаесетте европратеници набљудувачи од Хрватска, како вовед на официјалното пристапување на оваа балканска земја во Европската унија на 1 јули 2013 година

Прочитај повеќе

Ден на планетата Земја...

Понеделник, 23 април 2012 година

Ден на планетата Земја

Со низа еколошки акции, викендов, се одбележа 22 април - Денот на планетата Земја, со цел будење на свеста кај луѓето за заштита на животната средина.

По тој повод, милиони вљубеници во природата ширум светот, организираа концерти, работни акции за чистење и засадување дрвца, како и шетање во природа.

Тие потсетија на опасностите кои ѝ се закануваат на Земјата, посебно акцентирајќи ги климатските промени како најголема закана за планетата досега.   

Инаку, 22 април се одбележува како Ден на Земјата од 1970 година, на предлог на тогашниот американски сенатор и екологист Гејлорд Нелсон.
Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 28.3.12...



Среда, 28 март 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која, меѓу останатото ќе стане збор за напредокот на Србија, Црна Гора и Косово на патот кон Европската унија.

Прочитај повеќе

Отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија ...



Петок, 16 март 2012 година

Отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ

Вчера беше отворен пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, кој беше оценет како нова фаза во евроинтегративниот пат на нашата земја, мост кој води кон пристапни преговори со ЕУ.

Прочитај повеќе

Познати добитниците на наградата „Север-Југ“ 26.3.12...



Понеделник, 26 март 2012 година

Познати добитниците на наградата „Север-Југ“

Претседателот на Република Србија, г. Борис Тадиќ и претседателот на Меѓународната федерација за човекови права, г-ѓа Сухар Белхасен, се добитници на наградата „Север-Југ“ за 2011 година, која ја доделува Советот на Европа на оние кои придонеле за глобална солидарност и меѓузависност.

Прочитај повеќе

Парламентариумот изброја 100.000 посетители 23.3.12...



Петок, 23 март 2012 година

Парламентариумот изброја 100.000 посетители

Центарот за посетители на Европскиот парламент, т.н. Парламентариум, ја оправда улогата на популарна атракција во Брисел, откако за пет месеци постоење, изброи 100.000 посетители

Прочитај повеќе

Европратениците ќе гласаат за Резолуцијата за Македонија 14...



Среда, 14 март 2012 година

Европратениците ја усвоија Резолуцијата за Македонија

Со мнозинство гласови, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија, во рамките на пленарната седница во Стразбур. 582 европратеници гласаа „за“ Резолуцијата, 70 се изјаснија „против“, додека 34 беа воздржани.

Европратениците го повторија повикот до Европскиот совет во најкраток рок да утврди датум за почеток на преговори. Се поттенцира и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на нашата земја.

Беа прифатени трите амандамани на известувачот Ричард Ховит, со кои се додава нов параграф во Резолуцијата, при што се нагласува дека „отворањето на дијалогот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012 година, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“.

 

Прочитај повеќе

Македонија на дневен ред во Европарламентот 12.3.12...



Понеделник, 12 март 2012 година

Македонија на дневен ред во Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, в среда, ќе се дебатира и гласа за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија

Прочитај повеќе

Болоња - најмобилен европски град 7.3.12...



Среда, 7 март 2012 година

Болоња - најмобилен европски град

Италијанскиот град Болоња е прогласен за најмобилен град во Европа за 2011 година, во рамките на Европската недела на мобилност

Прочитај повеќе

Србија – земја-кандидат за ЕУ 2.3.12...



Петок, 2 март 2012 година

Србија – земја-кандидат за ЕУ

Европскиот совет вчера се согласи да ѝ даде на Србија статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, следејќи ја препораката на Советот на министри од 28 февруари годинава

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 13.2.12...



Понеделник, 13 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 13 до 16 февруари, Европскиот парламент, во Стразбур, ќе одржи пленарна седница, на која во фокусот ќе бидат развојот, вработувањето и сиромаштијата

Прочитај повеќе

Европските филмови се меѓу најдобрите во светот 20.2.12...



Понеделник, 20 февруари 2012 година

Европските филмови се меѓу најдобрите во светот

Два филмови поддржани од програмата „МЕДИА“ на Европската унија, беа наградени на Меѓународниот филмски фестивал Берлинале, на кој филмот „Парада“ во македонска копродукција беше избран за најдобар од страна на публиката.

Прочитај повеќе

Супер брз мобилен интернет во ЕУ 17.2.12...



Петок, 17 февруари 2012 година

Супер брз мобилен интернет во ЕУ

Мобилниот интернет во Европската унија ќе постигне неверојатна брзина, откако европратениците го одобрија предлогот за отворање фреквенциски појас од 800 мегахерци за безжичен брз интернет, од 1 јануари 2013 година

Прочитај повеќе

Нови вработувања – приоритет за ЕУ 2.2.12...



Четврток, 2 февруари 2012 година

Нови вработувања – приоритет за ЕУ

Вработувањето и зајакнувањето на економијата се од витално значење за Европската унија, беа согласни членовите на Европскиот парламент за време на вчерашната пленарна седница во Брисел, која продолжува и денеска.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европарламентот 1,2,12...



Среда, 1 февруари 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, денеска и утре, во Брисел, ќе одржи пленарна седница, на која европратениците ќе расправаат по повеќе прашања, меѓу кои поттикнување развој и вработување

Прочитај повеќе
1...345      
Click