37 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Вторник, 24 септември 2013 година

Триесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 37. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поднесен од пратеникот Малиша Станковиќ.

Прочитај повеќе

МПК – уште еден мост за продолжување на соработката меѓу МК...



Вторник, 24 септември 2013 година

Мешовитиот парламентарен комитет – уште еден мост за продолжување на соработката меѓу Македонија и Турција

Македонија и Турција се повеќе од пријателски земји, кои треба да ги разменуваат искуства, да учат една од друга, заеднички да работат со цел да се приклучат кон големото европско семејство – беа согласни присутните на средбата меѓу Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија и Делегација од Парламентот на Република Турција

Прочитај повеќе

Средба на г. Хајрула Мисини, 24.9.2013...



Вторник, 24 септември 2013 година

Средба на г. Хајрула Мисини со турска парламентарна делегација

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, денеска, во рамките на семинарот што се одржа во Собранието на Република Македонија на тема: „Отворен парламент: Транспарентност на парламентарните активности„ имаше средба со делегација на Комисијата за хармонизација со Европската унија на Големото национално собрание на Република Турција, предводена од претседателот на комисијата, г. Мехмет Текелиоглу и членовите, г-ѓа Зухал Топџу, г. Мехмет Ѓулинар и г. Огуз Ојан

Прочитај повеќе

Отворен парламент 24.9.13...



Вторник, 24 септември 2013 година

Семинар на тема: „Отворен парламент: транспарентност на парламентарните активности"

На 23 и 24 септември 2013 година, во Собранието на Република Македонија се одржува семинар на тема: „Отворен парламент: транспарентност на парламентарните активности". Семинарот се реализира во рамките на повеќегодишната и континуирана соработка на Собранието на Република Македонија со Европскиот парламент, односно со Одделението за соработка во претпристапните активности при Директоратот за демократска поддршка и претставува еден од низата семинари на кои пратениците и службениците од Собранието на Република Македонија изминативе години имале можност активно да учествуваат и успешно да се презентираат

Прочитај повеќе

76, седница на Комисијата за финансирање и буџет 20,9,13...



Петок, 20 септември 2013 година

Седумдесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 76. седница, одржана на 17 септември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

ТРИЕСЕТ И ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК 20,9,13...

Петок, 20 септември 2013 година

ТРИЕСЕТ И ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Во актуелниот двоброј за месец јули и август 2013 година, кој ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија поврзани со европските интеграции, опфатена е официјалната посета на Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор и неговата средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на која уште еднаш беа разменети мислење за добивањето на датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија и во тој контекст, беше изразена подготвеностa од страна на Република Словенија да направи сѐ што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Македонија голем придонесувач за сигурноста и безбедноста н...



Четврток, 19 септември 2013 година

Македонија голем придонесувач за сигурноста и безбедноста на НАТО

Претседателите на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски и Комисијата за одбрана и безбедност, г. Владимир Ѓорчев; шефот на Делегацијата во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, г-ѓа Ермира Мехмети; како и членовите на Делегацијата, г-ѓа Наташа Савова и г. Павле Трајанов, остварија средба со г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија.

Прочитај повеќе

35. седница на Комисијата за економски прашања 16.9.13...



Понеделник, 16 септември 2013

Триесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 35. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи г. Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија. Беше истакнато дека предложените измени се состојат од шест члена.

Со членот 1 од предложените измени и дополнувања се воведува нова услуга на правните субјекти „Потсетник за истакнување на лиценца за продажба на алкохолни пијалоци на трговијата на мало“, којашто ја издава Министерството за економија. Законска обврска ќе биде Министерството за економија 30 дена пред изминување на рокот на важноста на претходно издадена лиценца да го потсети носителот на лиценцата за периодот на важноста за истата.

Во втората измена станува збор за допрецизирање на законските одредби. Законот за трговија утврдува дека трговецот на мало при продажбата на алкохолни и енергетски пијалоци и цигари е должен да ја утврди возраста на купувачот и се предвидува дека начинот на утврдување на возраста на лицата од ставот 1 на член 24 ќе се пропише од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на трговијата.

Третата измена е во членот 49 во делот на прекршоците. На предлог на Државниот пазарен инспекторат е утврдено дека одредени прекршоци има потреба да бидат изземени од процесот на едукација.

Четвртата измена е во делот на усогласувањето на казнените одредби кои се во членот 57, став 2 во основниот Закон со што се усогласува со материјалната одредба од членот 24-а. Во материјалните одредби на членот 24-а не е предвидена прекршочна постапка за енергетски пијалоци доколку се продаваат после времето коешто е утврдено согласно Законот.     

Во претресот учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања г. Стојко Пауновски и  г-ѓа Јулиета Марку, пратеникот Самка Ибраимоски и г. Анче Трифунов.

Комисијата за економски прашања со шест гласа „за“ и два „воздржани“ заклучи дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум 18.9.13...



Среда, 18 септември 2013 година

Потпишан Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија

На 16 септември 2013 година, политичките партии на Република Македонија потпишаа меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија.
Меморандумот беше потпишан поаѓајќи од стратешката определба на Република Македонија за членство во Европската унија, утврдена од моментот на нејзиното осамостојување во 1991 година, која определба е јасно и недвосмислено поддржана од сите политичките субјекти и од граѓаните на земјата.

Прочитај повеќе

Средба на Шекеринска со Туомиоја, 17.9.2013...



Вторник, 17 септември 2013 година

Средба на г-ѓа Радмила Шекеринска со г. Ерки Туомиоја

Госпоѓа Шекеринска го поздрави присуството на министерот за надворешни работи, г. Ерки Туомиоја и се заблагодари за поддршката која Финска и ја дава на Република Македонија во процесот на интеграција во Европската унија и позитивниот став кој државата го има кон процесот на проширување на Унијата, за што таа напомена дека е од исклучително значење за регинов, особено за Република Македонија

Прочитај повеќе
1...91011...30                               
Click