Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет...

Втроник, 17 март 2015 година

Триесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на  денешната Триесет и осмата седница одржана, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација во редовен работен однос, поднесен од пратеникот Крсто Мукоски (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

Дваесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски...

Вторник, 17 март 2015 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 24 седница, како матично работно тел, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање поднесен од пратениците: Лилјана Затуроска и Олга Најденовска.

Прочитај повеќе

Дваесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и...

Понеделник, 16 март 2015 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 23. седница одржана на 12 март 2015 година, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на дводневна Конференција на Комисиит...

Петок, 13 март 2015 година

Собраниска делегација на дводневна Конференција на Комисиите за европски прашања во Белград

Во рамките на  Конференцијата, нашата собраниска  делегација учествуваше со свои излагања во сите панели, посветени на: „Стратегијата за проширување на ЕУ и предизвиците 2014-2015, „Економските реформи   и социјалните предизвици во процесот на асоцијација во ЕУ„, „Регионалната соработка во областа на ИПА фондовите„, како и на „Енергетската политика во регионот„.
Прочитај повеќе

Зaедничка седница на Комисијата за европски прашања и Нацио...

Четврток, 12 март 2015 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Воведно обраќање по НПАА-та за 2015 година даде вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими, кој информираше за планираните активности на Владата на Република Македонија во однос на динамиката на усогласувањето на националното законодавство со европското, како и за постигнатото прилагодување на националните институции кон европските административни структури.  
Прочитај повеќе

Средба на заменик-претседателот на Комисијата за европски п...

Четврток, 12 март 2015 година

Средба на заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити со г. Бруно Макаеш

Заменик-претседателот Алити го информира г. Макаеш за парламентарниот аспект на евроинтегративните процеси на Република Македонија, при што го запозна со активностите на Комисијата за европски прашања, во чија надлежност е парламентарната контрола над ЕУ процесите во земјата.

Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Милошоски со државниот секретар ...

Четврток, 12 март 2015 година

Средба на потпретседателот Милошоски со државниот секретар за европски прашања на Република Португалија, г. Бруно Макаеш

На средбата, со која претседаваше потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, а присуствуваа членовите и замениците на Комисијата: Силвана Бонева, Кенан Хасипи, Шпреса Хадри,  Нола Исмајлоска и Марија Ангелова, беше истакнато дека дипломатските односи меѓу двете земји, ги карактеризира пријателство и соработка во повеќе полиња. 
Прочитај повеќе

„Еднакви и овластени - Заедно посилни“ ...

Понеделник, 9 март 2015 година

„Еднакви и овластени - Заедно посилни“ 

На 2 и 3 март во Белград, Република Србија, во организација на Српската женска парламентарна мрежа на Народното собрание на Република Србија и Мисијата на ОБСЕ во Србија, поддржана од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), се одржа Конференција за пратенички од Југоисточна Европа со наслов „Еднакви и овластени - Заедно посилни“.
Прочитај повеќе

Интерпарламентарна конференција за политичкото учество на ж...

Четврток, 5 март 2015 година, Брисел

Интерпарламентарна конференција за политичкото учество на жените во земјите од Западен Балкан и Турција

На Интерпарламентарната конференција посветена на „Политичкото учество на жените во земјите од Западен Балкан и Турција", што во организација на Комисијата во Европскиот парламент за правата на жените и родовата еднаквост, се одржа вчера во Брисел, Кралството Белгија, учествуваше собраниска делегација во состав од  пратениците: г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; г-ѓа Лилјана Кузмановска, потпретседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите; г-ѓа Шпреса Хадри, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и г-ѓа Солза Грчева, член на Комисијата за европски прашања.
Прочитај повеќе

Средба на потпретседателот Алити со Н.Е. Џес Бејли...

Среда, 4 март 2015 година

Средба на потпретседателот Алити со новоименуваниот американски амбасадор, Н.Е. Џес Бејли

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Алити, го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата, потпретседателот Рафис Алити искажа задоволство за пријателските односи меѓу двете држави и од поддршката која Соединетите Американски Држави континуирано ѝ ја даваат на Република Македонија.

Прочитај повеќе
1...333435...58                                                           
Click