Активности

Понеделник, 25 октомври 2021

Претседателот Џафери официјално го прими Извештајот за напредокот од Европската комисија

Денеска, амбасадорот на Европската Унија официјално го предаде Извештајот за напредокот на државата од Европската комисија на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Средбата се одржа денеска заради службено отсуство на претседателот Џафери, којшто учествуваше на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа во Атина.

повеќе...

Сабота, 23 октомври 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Николова и Иванка Василевска, положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје. 

повеќе...

Петок, 22 октомври 2021, Атина

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на претседатели на Парламенти на ПС на СЕ на тема: „Заедничката иднина на сите европски граѓани“

Дозволете да Ве поздравам од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име и воедно да упатам благодарност и честитки до нашиот домаќин за одличната организација на оваа Конференција на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

повеќе...

Петок, 22 октомври 2021

Историска средба на претседателот Џафери со Константинос Тасулас

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Претседателот на Парламентот на Република Грција, Константинос Тасулас, на маргините на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која на 21 и 22 октомври се одржува во Атина.

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката Џонсон Форнаве

Во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа, која се одржува во Атина, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со потпретседателката на шведскиот Риксдаг, Лота Џонсон Форнаве.

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

Средба на претседателот Џафери со претседателката Никола

За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и новоизбраната Претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, остварија протоколарна средба.

повеќе...

Четврток, 21 октомври 2021

Отворање на Конференцијата на претседатели на парламенти во Атина

Европската конференција на претседатели на парламенти која се одржува во Атина на 21 и 22 октомври, во организација на грчкиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, ја отворија Претседателот на грчкиот парламент, г. Тасулас, Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Даемс и генералната секретарка на Советот на Европа, г-ѓа Пејчиновиќ Буриќ.

повеќе...

Четврток, 14 октомври 2021 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО Н.Е. ВЕРОНИК УЛМАН МАРТИ

Тој истакна дека двете земји ги поврзува искрено пријателство, засновано на соработка и меѓусебно почитување. „Во Швајцарската Конфедерација, потенцираше претседателот Џафери, Северна Македонија гледа голем и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките приоритети на земјата.“ 

повеќе...

Понеделник, 12 октомври 2021

Средба на Делегација на Собранието на Република Северна Македонија со Делегација на Република Хрватска

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Горан Мисовски, заменичката на претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Марија Петрушевска, претседателката на Комисијата за политички систем г-ѓа Соња Мираковска, претседателката на Законодавно-правната комисија г-ѓа Снежана Калеска-Ванчева и заменикот на генералниот секретар г. Бојан Василевски одржаа средба со  претседателката на Комисијата за финансирање и буџет во Парламентот на Р. Хрватска г-ѓа Гроздана Перич, претставници на Државниот завод за ревизија на Р. Хрватска , главниот државен ревизор г. Максим Ацевски и претставници на Државниот завод за ревизија на Р. Северна Македонија. 

повеќе...

Понеделник, 11 октомври 2021       

Обраќање на потпретседателот Горан Мисовски по повод 11 Октомври

Задоволство ми е денес да ве поздравам сите присутни тука во овој Меморијален комплекс и да го честитам, од име на претседателот Џафери, колегите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име овој значаен јубилеј, 80-годишнината од денот на народното востание - 11 Октомври, со кој се одбележува чинот на одлучното спротивставување на најголемото зло во историјата на човештвото, фашизмот, политичката идеологија која донесе само загуби, болка и уништување и не соочи сите со темната страна на човекот и огромната и разорна моќ на таа страна.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 45
  •                                               
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.