Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ)


Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа се состои од шеф на Делегацијата, двајца членови и тројца заменици членови на Делегацијата.

Акредитивите на членовите и замениците членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги издава претседателот на Собранието на Република Македонија, најдоцна седум дена пред започнувањето на редовното годишно заседание на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.

Мандатот содржан во акредитивот од ставот 2 на овој член не може да се отповика, освен во случаите наведени во актите на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.

    Шеф на делегацијата: Александар Николоски
                             Членови: Рената Дескоска
Ермира Мехмети
Заменици на членовите: Владимир Ѓорчев
Стефан Богоев
Имер Алиу

Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ПС ОБСЕ)


Делегацијата во Парламентарното собрание на Организацијата на безбедност и соработка во Европа се состои од шеф на Делегацијата, двајца членови и тројца заменици членови.

  Шеф на Делегацијата: Рената Дескоска
    Членови: Владимир Ѓорчев
Беким Фазлиу
Заменици на членовите: Димитар Стевананџија
Софија Куновска
Џеват Адеми

Делегација во Интерпарламентарната унија (ИПУ)


Делегацијата во Интерпарламентарната унија се состои од Претседателот на Собранието, кој е шеф на Делегацијата и шест члена.

Шеф на Делегацијата: Трајко Вељаноски
   Членови: 1. Илија Димовски
2. Талат Џафери
3. Горан Сугарески
4. Имер Алиу
5.
6.

Делегација во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ)


Делегацијата во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива се состои од шеф, двајца членови и тројца заменик-членови.

   Шеф на Делегацијата: Јулијана Силјановска
     Членови: Андон Чибишев
Мирван Џемаили
Заменици на членовите: Сашо Василески
Лилјана Затуроска
Газменд Алији

 


Активности - 10 декември 2015 година, Скопје

Активности - 20 мај 2015 година, Скопје

Делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО)


Делегацијата во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација се состои од шеф, двајца членови и тројца заменици членови.

   Шеф на Делегацијата: Ермира Мехмети
     Членови: Горан Сугарески
Павле Трајанов
Заменици на членовите: Сашо Аќимоски
Дуфе Кукоски
Ернад Фејзула

Делегација во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот)


Делегацијата во Парламентарното собрание  на Медитеранот се состои од шеф, двајца членови и тројца заменици членови.

 

   Шеф на Делегацијата: Крсто Мукоски
     Членови: Даниела Рангелова
Енес Ибрахим
Заменици на членовите: Џеват Адеми
Јамин Синани
Мерал Узеири-Ферати

Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ)


Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа се состои од Претседателот на Собранието, кој е шеф на Делегацијата,  четири члена и четири заменици членови.

 

   Шеф на Делегацијата: Трајко Вељаноски
     Членови: 1. Антонијо Милошоски
2. Софија Куновска
3. Рафиз Алити
4. Ернад Фејзула
Заменици на членовите: 1. Ане Лашкоска
2. Љубомир Јосифовски
3. Артан Груби
4. Мерал Узеири-Ферати

Делегација на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ)


Парламентарното собрание на Франкофонијата е претставничко собрание на Меѓународната организација на Франкофонијата (OIF) и нејзино консултативно собрание. Во него членуваат 81 парламент, парламентарни собранија или совети на држави, покраини, региони и меѓународни организации.

Парламентарното собрание на Франкофонијата е место на дебати, предлози и размена на информации за сите прашања од заеднички интерес за членките. Ова собрание одржува редовни врски со Конференцијата на шефови на држави и влади на земјите кои го споделуваат францускиот јазик (Самит на Франкофонијата), подготвува мислења и препораки кои имаат консултативна природа, иницира и презема активности во врска со слободата и политичките права, меѓупарламентарната соработка и развој, како и солидарноста меѓу парламентарните институции. Парламентарното собрание на Франкофонијата, исто така, ја промовира демократијата и правната држава, економската соработка, развојот на образованието и комуникациите во франкофонските простори.

Собранието на Република Македонија беше примено за асоцијативна членка на ПСФ во јули 2000 година, а во јануари 2001 година беа основани Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, Бирото и Делегацијата на Секцијата. Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПСФ учествува во активностите на Парламентарното собрание на Франкофонијата, како што се: редовни годишни сесии, годишни сесии на Регионот Европа, седници на комисии, конференции на претседатели на секции на Регионот Европа, седници на Мрежата на жени парламентарки, седници на Парламентарната мрежа за борба против ХИВ/СИДА, туберколоза и маларија, сесии на Парламентот на млади франкофони, семинари, студиски посети и мисии за набљудување на избори.  

 

Шеф на делегацијата: Џеват Адеми
Членови: Силвана Бонева
Мерал Узеири-Ферати
Кенан Хасипи

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација 

Е-пошта: jpc@sobranie.mk

Цели и задачи 
Деловник 

Претходни состаноци (1995-2004) 
Прв состанок (30 и 31 март 2005 година, Скопје, Република Македонија) 
Втор состанок (5 и 6 декември 2005 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Трет состанок (29 и 30 јануари 2007 година, Скопје, Република Македонија) 
Четврт состанок (26 и 27 ноември 2007 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Петти состанок (27 и 28 ноември 2008 година, Скопје, Република Македонија) 
Шести состанок (31 март 2009 година, Брисел, Кралството Белгија)
Седми состанок (18-19 февруари 2010 година, Скопје, Република Македонија)
Осми состанок (29 и 30 ноември 2010 година, Брисел, Кралство Белгија)
Деветти состанок (3-4 ноември 2011 година, Скопје, Република Македонија)
Десетти состанок (7 јуни 2012 година, Брисел, Кралство Белгија)
Единаесетти состанок (22-23 мај 2013 година, Стразбур, Француска Република)
Дванаесетти состанок (26-27 ноември 2014 година, Стразбур, Француска Република) 
Тринаесетти состанок (3-4 декември 2015 година, Скопје, Република Македонија) 

Новости

Останати активности

                                     


Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и одлуката на Собранието на Република Македонија од 7 декември 2004 година за основање Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114). Формирањето на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) е одраз на цврстата определба на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието на Република Македонија, преку парламентарен дијалог, да придонесе кон процесот на евроинтеграција и достигнување на европските стандарди. Во основа, МПК претставува форум каде што членовите на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент ќе разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот, како билатерално тело со кое Република Македонија се одвојува од другите земји на т.н. Западен балкан, претставува формално и ефикасно зајакнување и издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација. По предлог на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет можат да се даваат препораки до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Република Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија. МПК се сотанува два пати годишно - еднаш во Собранието на Република Македонија и еднаш во Европскиот парламент. Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на Завршна изјава која, пак, всушност е документ во кој се содржани заедничките ставови за одредени актуелни прашања.



                     Претседател: Кенан Хасипи
             Потпретседатели: Лидија Димова
Артан Груби
                             Членови: 1. Зоран Илиоски
2. Владимир Ѓорчев
3. Антонијо Милошоски
4. Даниела Рангелова
5. Александар Николоски
6. Иван Стоиљкиовиќ
7. Мерван Џемаили
8. Нора Алити
9. Орхан Ибраими
10. Томислав Тунтев
11. Горан Милевски
12. Петре Шилегов
Заменици на членовите: 1. Илија Димовски
2. Сашо Василевски
3. Лилјана Поповска
4. Владанка Авировиќ
5. Павле Трајанов
6. Светлана Карапетрова
7. Шпреса Хадри
8. Селвије Салиу
9. Беким Фазлиу
10. Соња Мираковска
11. Јагода Шахпаска
12. Љубиша Николиќ


Click