Прво продолжение на 65 седница на Комисијата за финансирање...



Петок, 18 јуни 2010 година

Прво продолжение на Шеесет и петтата седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на првото продолжение од Шеесет и петтата седница, одржана на 16 и 17 јуни 2010 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со општествена и државна сопственост

Прочитај повеќе

ЕУ лидерите ја јакнат буџетската контрола 18,06,10...



Петок, 18 јуни 2010 година

ЕУ лидерите ја јакнат буџетската контрола

На вчерашниот самит во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа договор за зголемување на буџетската дисциплина и транспарентноста во работењето на банките за да ја одбранат зоната на еврото, пред сè поради кризата во Шпанија.

Прочитај повеќе

ПСРМ со делегацијата на Народно-ослободителната Армија на Н...



Четврток, 17 јуни 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со делегација на Народноослободителната Армија на Народна Република Кина

На средбата, претседателот Вељаноски потсети на неодамнешната посета на Народна Република Кина и неговите средби со претседателот на Секинескиот народен конгрес, г. Ву Бангуо, како и на учеството на свеченото отворање на Светската изложба Шангај ЕКСПО 2010, каде што имаше средба со претседателот на Народна Република Кина, г. Ху Џин Тао, и истакна дека и оваа посета на армискиот врв на Народна Република Кина е во функција на натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави и народи

Прочитај повеќе

Тринаесетта седница на Буџетскиот совет 17,06,10...



Четврток, 17 јуни 2010 година

Тринаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија на Тринаесеттата седница одржана на 17 јуни 2010 година гo разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија и врз основа на расправата едногласно ги усвои следните заклучоци:

Прочитај повеќе

65 седница на Комисијата за финансирање и буџет 16.6.10...



Среда, 16 јуни 2010 година

Шеесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и петата седница, одржана на 16 јуни 2010 година, како матично работно тело го разгледа Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2009 година.      

Воведно образложение по Извештајот даде претседателот на Комисијата, г-ѓа Марина Наќева Кавракова. Таа истакна дека Комисијата за хартии од вредност во 2009 година ги извршуваше своите надлежности насочени кон подобрување на регулаторниот систем; водење на ефикасен, законит и фер пазар на капитал; остварување на заштита на правата на инвеститорите, јакнење на довербата на инвеститорите во институциите на пазарот на капитал; подобрување на правилата за транспарентност во работењето на пазарот; унапредување на капацитетот и ефикасноста во работењето на Комисијата.

Во однос на регулаторната рамка на пазарот за хартии од вредност, во текот на 2009 година значајно е донесувањето на новиот Закон за инвестициски фондови и подзаконските акти кои ги донесе Комисијата заради операционализација на законот.

Во текот на 2009 година, Комисијата за хартии од вредност има одобрено 7 барања за издавање на долгорочни хартии од вредност, сите одобрени како однапред договорен пласман, т.е. приватни понуди.

Во 2009 година во Република Македонија имаат работено 6 друштва за управување со инвестициски фондови кои управувале со вкупно 9 отворени инвестициски фондови.

Исто така Комисијата во текот на 2009 година активно ја има извршувано едукативната функција, при што целна група на Комисијата беа акционерските друштва со посебни обврски за известување кои се водат во Регистарот на Комисијата.

Со цел олеснување на процесот на издавање на хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност во текот на 2009 година во соработка со IFC-Меѓународната финансиска корпорација има издадено Прирачник за издавање на хартии од вредност во кој е објаснет процесот на издавање на хартии од вредност.

Во соработка со УСАИД - Проект за деловно опкружување, Комисијата во текот на 2009 година има издадено Прирачник за преземање на акционерски друштва, со цел да им помогне  на компаниите полесно да ја разберат законската постапка за преземање на акционерско друштво со посебни обврски за известување.

Имајќи ја предвид нагласената важност на мултилатералниот Меморандум за разбирање на IOSCO и соработката со регулаторите на другите држави-членки, Комисијата за хартии од вредност од март 2009 година официјално е на листата Б потписнички на Меморандумот.

Комисијата со пет гласа „за“ и два „воздржани“ заклучи да му предложи на Собранието да го усвои следниот заклучок:

  1. Собранието на Република Македонија да го разгледа и усвои Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2009 година;
  2. Овој заклучок заедно со Извештајот на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија да се достави до Владата на Република Македонија, Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност.
Прочитај повеќе

ЕУ посветена на европерспективата на Западен Балкан 15.06.1...



Вторник, 15 јуни 2010 година

ЕУ посветена на европерспективата на Западен Балкан

Советот на министри на Европската унија вчеравечер ја потврди „недвосмислената посветеност на ЕУ на европската перспектива на Западен Балкан“, а воедно и ги поздрави напорите кои земјите од овој регион ги преземаат во насока на поскоро спроведување на реформите во клучните области, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал

Прочитај повеќе

64 седница на Комисијата за финансирање и буџет 14.6.10...



Понеделник, 14 јуни 2010 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и четвртата седница, одржана на 9 јуни 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање) и Амандманот на член 2 по Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на добивка поднесен од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ на европската конференција на претседатели...



Сабота, 12 јуни 2010 година, Лимасол, Кипар

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ

Дискриминацијата како појава е стара колку што е стара и човековата цивилизација. Таа, најчесто и во најгруба форма, се манифестира преку дискриминација врз основа на расна, етничка или верска припадност, но не треба да се занемаруваат и другите облици на дискриминација, како грубото кршење на човековите права и слободи. По лошото искуство во текот на Втората светска војна и со формирањето на Обединетите нации, а подоцна со формирањето на Советот на Европа, донесени се повеќе меѓународни документи со кои заштитата од која било форма на дискриминација претставува општо прифатен стандард и обврска на секоја држава. Имајќи  предвид дека како парламенти ги ратификуваме овие меѓународни документи, а потоа носиме закони, нашата одговорност е пресудна кога станува збор за заштитата од какви било форми на дискриминација.

Прочитај повеќе

38 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Петок, 11 јуни 2010 година

Триесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 38. Седница, одржана на 10 јуни 2010 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа: Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за сточарството и Предлогот за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност

Прочитај повеќе

ПСРМ на европската конференција на претседатели на парламен...



Петок, 11 јуни 2010 година, Лимасол, Кипар

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ

Кога зборуваме за демократијата, секогаш мислиме на односите меѓу владата и парламентот, односно на нивната соработка, но и на тензиите кои се присутни во тие релации. За разлика од владата, која по својот карактер е многу помонолитна, парламентот како носител на законодавната власт ја изразува политичката, а во некои примери и националната плуралност на секое општество. Парламентите на секоја демократска држава работат максимално транспарентно, така што јавноста, односно оние кои нè избираат може да го оценат работењето и на мнозинството и на опозицијата

Прочитај повеќе

Дебата на тема „Невладините организации и евроинтегративнио...



Четврток, 10 јуни 2010 година, Комисија за европски прашања

Дебата на тема „Невладините организации и евроинтегративниот процес во Република Македонија“

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска организираше дебата на тема „Невладините организации и евроинтегративниот процес во Република Македонија“, со цел актуелизирање на улогата на невладините организации и унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Македонија и граѓанскиот сектор

Прочитај повеќе

12 седница на Комисијата за култура 10,06,10...



Четврток, 10 јуни 2010 година

Дванаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија на Дванаесеттата седница, одржана денеска, како матично работно тело ги разгледа:

1.  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за библиотеките - I читање;

2.  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за музеите - I читање;

3.  Предлогот на закон за изменување на Законот за употреба на македонскиот јазик - I читање;

4.  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за културата - I читање;

Воведно образложение во однос на точките на дневниот ред даде министерот за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милеска.

Со своја дискусија по точките од дневниот ред се јавија и пратениците: г. Васко Шутаров,  г-ѓа Роза Топузова-Каревска, г-ѓа Лилјана Затуровска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Наташа Јаневска и г-ѓа Весела Честоева.

Комисијата со мнозинство гласови ги поддржа измените и дополнувањата на предложените закони и оцени дека истите може да се дадат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

64 седница на Комисијата за финансирање и буџет 9.6.10...

Среда, 9 јуни 2010 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и четвртата седница која се одржа денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (второ читање).

Со оглед на тоа што по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата со шест гласа „за“ и три гласа „воздржан“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
Прочитај повеќе

37 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Вторник, 8 јуни 2010 година

Триесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 37. Седница, одржана на 7 јуни 2010 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Предлогот на закон за ратификација на Ротердамската конвенција за постапка за претходно добивање на согласност за одредени опасни хемикалии и пестициди во меѓународниот промет.

Седницата ја отвори и со неа заседаваше претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев. Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците Панче Дамески, Никола Ќуркчиев и Васко Шутаров.

На седницата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, г-ѓа Лендита Дика, државен советник во Министерството за животна средина и просторно планирање и г. Нако Николовски, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во образложението по Предлог-законот, г. Стевчевски укажа на фактот дека Ротердамската конвенција има за цел да ги ограничи користењата на одредени штетни хемикалии и пестициди кои се употребуваат за заштита на растенијата.

Тој истакна дека целта на Конвенцијата е да им помогне на земјите во транзиција и земјите во развој за контролирана употреба на хемикалиите и пестицидите во процесот на производство на храна, а со тоа да го заштити човековото здравје и животната средина од прекумерна употреба на истите, како и отстранување на опасноста од складирање на застарени штетни пестициди и хемикалии.

По завршување на расправата, Комисијата едногласно го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заинтересирано работно тело, го разгледа Предлогот на закон за ратификација на Ротердамската конвенција за постапка за претходно добивање на согласност за одредени опасни хемикалии и пестициди во меѓународниот промет и го поддржа во предложениот текст.
Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ во Анталија...



Понеделник, 7 јуни 2010 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ, НА ОСМАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ ОД ЗЕМЈИТЕ НА ПСЈИЕ

Најнапред сакам да изразам благодарност на Големото народно собрание на Република Турција и на претседателот, г. Мехмет Али Шахин, за одличната организираност на оваа наша средба, како и за срдечноста и гостопримството. Самата иницијатива овој парламентарен собир да биде посветен на прашањето од несомнен заеднички интерес - унапредувањето на парламентарната димензија на соработката во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), ми дава за право да верувам дека Конференцијата, ќе биде забележана и како почеток на процесот на нова, континуирана фаза во нашата регионална соработка

Прочитај повеќе
1...131415...24                         
Click