44 седница на Комисијата за економски прашања 28.6.10...



Понеделник, 28 јуни 2010 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на својата Четириесет и четврта седница, одржана на 25 јуни 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиската дејност (прво читање), Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, прво читање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (прво читање)

Прочитај повеќе

Белгија го презема претседавањето со ЕУ 1.7.10...



Четврток, 1 јули 2010 година

Белгија го презема претседавањето со ЕУ

Од денеска, 1 јули 2010 година, Шпанија официјално ѝ го предава на Белгија ротационото претседателство со Европската унија. Меѓу приоритетите во наредните шест месеци, оваа држава го има и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан

Прочитај повеќе

39 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Четврток, 24 јуни 2010 година

Триесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 39. Седница, одржана на 23 јуни 2010 година ги разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност (второ читање).

Седницата ја отвори и со неа заседаваше претседателот на Комисијата, г. Никола Ќуркчиев. Во својство на претставник на Владата на Република Македонија, на седницата присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г-ѓа Верица Проковиќ во својство на повереник на Владата на Република Македонија. 

Во образложението на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, г-ѓа Проковиќ особено нагласи дека со ребалансот на Буџетот се овозможува реализацијата на проектираната стапка на дефицит од 2,5%, што е како резултат на дисбалансот на проектираните и прибраните средства како прилив во Буџетот. 

Интервенциите што се преземаат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се однесуваат на намалување на расходите во сферата на материјалните трошоци, стоки и услуги. 

Таа истакна дека се задржува политиката на доделување субвенции во земјоделското производство, а се интервенира во сферата на распределба на средства во програмите за развој на земјоделието.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност, претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок, утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесен е еден амандман.

Комисијата го разгледа амандманот за менување на член 5, поднесен од пратеникот Благородна Дулиќ, кој без дискусија едногласно беше усвоен од Комисијата со видоизменет текст.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го проследува  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на земјоделска дејност (второ читање) на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Шеесет и седмата седница на Комисијата за финансирање и буџ...



Петок, 25 јуни 2010 година

Шеесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Шеесет и седмата седница одржана на 24 јуни 2010 година, како матично работно тело ги разгледа aмандманот на член 2 за додавање на нов став (7) по ставот (6); Амандманот на член 2 за додавање на нов став (8) по ставот (7); Амандманот на член 4 ставови (1), (2) и (3); Амандманот на член 5 ставови (1), (2) и (3); Амандманот на член 6 во новиот член 59-а став (1); Амандманот на член 6 во новиот член 59-б ставови (1), (2) и (3) и Амандманот на член 7 ставови (1), (2) и (3) по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз.

Прочитај повеќе

Билатерална средба меѓу Вељаноски и швајцарскиот претседате...



Среда, 23 јуни 2010 година, Берн, Швајцарија

Билатерална средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија и швајцарскиот претседател на Советот на држави

При официјалната посета на Берн, Швајцарија, од страна на македонската парламентарна делегација, швајцарскиот претседател на Советот на држави (претседавач со Горниот парламентарен дом), г-ѓа Ерика Форстер-Ванини и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, остварија билатерална средба. 

На срдечната средба се разговараше за прашања поврзани со евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и прашањата поврзани со спорот за името, како и за последиците од светската економска криза врз економиите на двете држави. Двете страни ja истакнаа важноста од развивање на соработката меѓу двата парламенти и истражувачката поддршка на нивната законодавна работа. 

Претседателот Вељаноски се заблагодари за помошта во формирањето на Парламентарниот институт во Собранието на Република Македонија.

„Пратениците се менуваат, но Парламентарниот институт ќе остане и ќе претставува сведоштво на она што го градиме заедно со Швајцарија“, истакна претседателот Вељаноски.

На крајот на средбата претседателот Вељаноски упати покана до претседателот на Советот на држави, г-ѓа Форстер-Ванини, да ја посети Република Македонија.

Парламентарниот институт ќе нуди истражувачки и аналитички услуги за пратениците и службата, со цел промоција на законодавната и надзорната улога на Собранието на Република Македонија и севкупните собраниски капацитети. 

За време на посетата на Швајцарија, претседателот Вељаноски беше придружуван од потпретседателот на Собранието, г. Јани Макрадули, пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Тахир Хани, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Флора Кадриу, г-ѓа Роза Топузова Каревска, г. Кенан Хасипи и генералниот секретар г. Жарко Денковски.

Вкупната вредност на швајцарската донација за проектот на Парламентарниот институт изнесува околу 2.5 милиони евра.  

Прочитај повеќе

Средба на Националниот совет, 23.6.2010...



Среда, 23 јуни 2010 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со г. Дејвид Лидингтон

Националниот совет за евроинтеграции денеска имаше средба со г. Дејвид Лидингтон, министер за Европа на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Прочитај повеќе

ПСРМ свечено го размени Меморандумот за разбирање со директ...



Вторник, 22 јуни 2010 година, Берн, Швајцарија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски свечено го размени Меморандумот за разбирање со директорот на одделот за соработка со Источна Европа од Швајцарската Агенција за развој и соработка – СДЦ Хуберт Ајзел

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го размени Меморандумот за разбирање за спроведување на проектот „Поддршка на основањето и развојот на Парламентарниот институт“ со г. Хуберт Ајзел, директор на Одделот за соработка со Источна Европа и член на Директоратот на Швајцарската агенција за развој и соработка - СДЦ

Прочитај повеќе

Средба со ЕПП-пратеничка група, 22.6.2010...



Вторник, 22 јуни 2010 година

Средба на г. Петар Поп-Арсов и г. Александар Спасеновски со г. Јозеф Даул

Во рамките на својата посета на Република Македонија, претседателот на ЕПП-пратеничка група во Европскиот парламент, г. Јозеф Даул оствари средби и со г. Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европки прашања во Собранието на Република Македонија и со Александар Спасеновски, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Прочитај повеќе

Сафет Незири, средба, 22.6.2010...



Вторник, 22 јуни 2010 година

Надминување на етничката дискриминација и расизмот на Балканот во спортот

Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт, г. Сафет Незири и членовите на комисијата, г-ца Маринела Тушева и г. Цветко Грозданов денеска имаа состанок со делегација на Македонскиот центар за култура и развој, претставници од Советот на Европа - Директорат за спорт и ВИДИК

Прочитај повеќе

Стразбур, 22.6.2010...



Вторник, 22 јуни 2010 година, Стразбур

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во работата на ПС на СЕ и неговите тела учествуваат шефот на делегацијата, г. Александар Николоски, членот г-ѓа Ермира Мехмети Деваја, како и замениците на членовите г. Зоран Петрески и г. Андреј Жерновски

Прочитај повеќе

Не постои друга алтернатива освен да се стане членка на ЕУ ...



Понеделник, 21 јуни 2010 година

Не постои друга алтернатива освен да се стане членка на ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов и потпретседателите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска и г. Рафиз Аљити, денеска остварија средба со претседателот на Чешката Република, г. Вацлав Клаус

Прочитај повеќе

Вељаноски во работна посета на Швајцарија...



Понеделник, 21 јуни 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во работна посета на Швајцарија

Парламентарна делегација, предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски, од денеска е во работна посета на Швајцарија, каде свечено ќе се одбележи почетокот на соработката со швајцарската страна по повод основањето на Парламентарниот институт на Собранието, за што неодамна во Скопје беше потпишан Меморандум за разбирање

Прочитај повеќе

Обраќање на ПСРМ за соработка помеѓу Собранието и Граѓански...



Петок, 18 јуни 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Конференцијата: Институционални механизми за соработка помеѓу Собранието и Граѓанскиот сектор во Република Македонија

Eдна од клучните карактеристики за степенот на развој на демократијата е степенот на вклученост на граѓаните во процесот на креирање политики. Една од најлесните алатки за постигнување на таа цел е невладините организации во Република Македонија да бидат вклучени во едукацијата и информирањето на граѓаните со цел да придонесат кон развој на подемократско општество

Прочитај повеќе

ПСРМ на средба со Андерс Расмусен...



Петок, 18 јуни 2010 година

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го прими Генералниот секретар на НАТО Андерс Расмусен

Република Македонија продолжува со остварување на нашите стратешки определби, а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна на почетокот од средбата претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Фактот дека над 4 проценти од вкупниот број на Армијата на Република Македонија денес учествуваат во мировните мисии во Авганистан и во други држави, покажува дека сакаме во целост да ја понесеме нашата обврска кога станува збор за зачувување на мирот и борбата против меѓународниот тероризам и сите оние предизвици кои го загрозуваат светскиот мир. Односно, иако не сме членка на НАТО ние ги преземаме и ги остваруваме сите обврски како полноправна членка, а тоа ни го признаваат скоро сите држави-членки на Алијансата.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисија за култура, 18.6.2010...



Петок, 18 јуни 2010 година

Јавна расправа по Предлог-законот за авторското право и сродните права

Комисијата за култура денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за авторското право и сродните права. Воведено излагање на јавната расправа имаше претседателот на комисијата, г. Васко Шутаров  и министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.

Прочитај повеќе
1...121314...24                         
Click