Јавна расправа НСЕИ 27.08.09...



Четврток, 27 август 2009 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за државните службеници

Националниот совет за евроинтеграции организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници. Образложение за причините за донесување на измените и дополнувањата на Законот даде министерот за правда Михајло Маневски.

Прочитај повеќе

„New Earth Deal“ - кампања против климатските промени...



Четврток, 27 август 2009 година

кампања против климатските промени

Со поддршка на Комисијата за екологија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, вчера во Лондон започна кампањата против климатските промени, под наслов „New Earth Deal“. Целта на кампањата е да се поттикне донесувањето на договорот за климатските промени во Копенхаген.

Прочитај повеќе

Шведското претседателство со ЕУ ќе го посети Европскиот пар...



Среда, 26 август 2009 година

Шведското претседателство со ЕУ ќе го посети Европскиот парламент

Шведски министри и службени лица од 1 до 3 септември ќе бидат во посета на новиот Европскиот парламент во Брисел. Тие како претставници на Шведското претседателство со Европската унија пред Комисиите на Парламентот ќе ги претстават приоритетите на нивната земја за време на претседавањето со Унијата.

Прочитај повеќе

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на За...



Вторник, 25 август 2009 година, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на дваесет и третата седница, одржана на 24 август 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници (прво читање).

Прочитај повеќе

28 седница на Комисијата за европски прашања 25.08.09...



Вторник, 25 август 2009 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на дваесет и осмата седница, одржана на 24 август 2009 година, во прво читање ги разгледа Предлог-законот за акредитација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за за државни службеници.

Г-ѓа Катерина Костоска, државен секретар во Министерството за економија и министерот за правда, г-дин Михајло Маневски, ја образложија потребата од донесување на Предлог-законот за акредитација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници  Комисијата  го гледа како заинтересирано работно тело.

Комисијата за европски прашања едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија  дека  Предлог-законот за акредитација и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државни службеници се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Прочитај повеќе

Триесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет...



Понеделник, 24 август 2009 година

Триесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање на Собранието на Република Македонија на 19 август 2009 година ја одржа триесет и првата седница. Комисијата го разгледа Предлогот на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2008 година. Воведно образложение даде заменикот на  министерот за финансии, г-дин Недим Рамизи, кој истакна дека завршната сметка се изготвува согласно Законот за буџетите и се доставува до Собранието на Република Македонија за донесување заедно со завршната сметка на буџетите на локалната самоуправа, извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на основниот буџет и коментарите на Министерството за финансии.

Прочитај повеќе

23 седница на Комисијата за економски прашања 19,08,09...



Среда, 19 август 2009

Дваесет и трета седница НА Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Дваесет и третата седница одржана на 18 август 2009 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија (прво читање).

Потребата за изменување и дополнување на Законот за метрологија ја образложи Катерина Костеска, државен секретар во Министерството за економија, која истакна дека  со одредбите на предложениот закон се трансформираат дел од одредбите на МИ директивата на Европскиот парламент и совет која е донесена на 31 март 2004 година, со цел да се обезбеди минимално ниво на точност на мерилата, надминување на техничките бариери на трговијата. При транспонирањето на оваа директива се наметна потребата од одредена преформулација на дефиницијата мерило, како и дополнување на нови дефиниции за одредени поими кои што се употребуваат во ново приложените и постојните одредби од Законот за метрологија, а се ова со цел за нивна примена која би резултирала со позитивни ефекти. Во измените и дополненијата на овој закон, за прв пат се дефинираат поимите како што се производител, пуштање во промет, овластен застапник, ставање во употреба, хармонизиран стандард, нормативен документ, метролошки надзор, законска метролошка контрола, како и метролошкиот надзор над количините и ознаките на количини на пакуваните производи.

 Повереникот Катерина Костеска истакна дека суштината и целите на одредбите од законот имаат за цел обезбедување на заштита на луѓето, заштита на животната средина, општата техничка безбедност, заштита на потрошувачите, непречена размена на стоки и услуги и слично.

Исто така со Предлог на законот се утврдуваат правата и обврските на производителот, на правните и физичките лица кои ги пуштаат во промет мерилата кои се од суштествени барања на одлучување и сообразност. Таа истакна дека МИ директивата претставува директива од новиот пристап, во која што се создава заеднички пазар за мерилата кои што подлежат на легална метролошка контрола, како истовремено висок степен на заштита на потрошувачите.

Во расправата на Комисијата учествуваа пратениците: Марјанчо Николов, претседателот на комисијата Љубисав Иванов Ѕинго, како  и претставникот од Бирото за метрологија Дано Пендовски.

Комисијата за економски прашања врз основа на расправата едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологија е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање. 

Прочитај повеќе

27 седница на комисијата за европски прашања 20.08.09...



Четврток, 20 август 2009

Дваесет и седма седница на комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на седницата одржана на 19 август 2009 година во прво читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија и Предлог-законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Г-ѓа Нериме Џеладини од Министерството за економија ја образложи потребата од донесување на  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во однос на Предлог-законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност на седницата на Комисијата учествуваа г. Недим Рамизи, заменик-министер за финансии и г-ѓа Вера Казанкова, раководител на сектор  во Министерството за финансии на Република Македонија, кои  ја образложија потребата од донесување на законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија. 

Во расправата учествуваа пратениците  Миле Пачемски и Панче Дамески.

Пратеникот Миле Пачемски повикувајќи се на Директивата 2006/112/ЕЕЗ на Советот од 28 ноември 2006 година за заедничкиот систем на данок на додадена вредност, според која  земјите-членки може да применуваат една или две повластени стапки праша каква е нејзината примена во државите-членки на Европската унија.

Пратеникот Панче Дамески, посочи дека со примената на повластена стапка од 5% на водата за наводнување на земјоделските површини не значи дека ќе се намалат и приходите во Буџетот на Република Македонија, бидејќи   повластената стапка може да биде стимуланс за зголемување на наводнуваните површини, а со тоа и поголеми буџетски приходи.

Во врска со изнесените забелешки се истакна дека во државите-членки на ЕУ се практикува применување на една повластена стапка од 5% и една од 8%.

Комисијата едногласно му предлага на Собранието дека  Предлог-законот за  дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за метрологија се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Прочитај повеќе

Луис Мариа де Пуч го осуди терористичкиот напрад во Назран...

Вторник, 18 август 2009 година, Стразбур

Претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа го осуди терористичкиот напрад во Назран

“Јас категорично го осудувам вчерашниот терористички напад во Назран, кој што ќе донесе само дополнителна тага и гнев во овој проблематичен дел од Европа” рече Луис Мариа де Пуч, претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа. “ Моите мисли се со народот, кои што се соочуваат со болката и несреќата”.

“Ова е најнов и најшокантен знак за опасна ескалација на насилството кое набргу ке премине во “валкана војна” земајќи невини жртви.Парламентарното собрание на Советот на Европа одблизу ја следи ситуацијата во Северен Кавказ, вклучително како дел од својата мониторинг процедура.”
Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со украинскиот амбасадор г.Јуриј Гончарук...



Вторник, 18 август 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Украина во Република Македонија, неговата екселенција господин Јуриј Гончарук

На средбата претседателот на Собранието на Република македонија, г. Трајко Вељаноски посебно ги истакна високоразвиените пријателски односи помеѓу Република Македонија и Украина. Потребно е овие односи и понатаму да се развиваат на сите нивоа и во сите сфери, а посебно на економски план имајќи ги предвид досегашните позитивни резултати и искуства.

Амбасадорот на Украина, г. Јуриј Гончарук изразувајќи благодарност, истакна дека пријателските односи меѓу Укарина и Македонија и понатму ќе продолжат да се продлабочуваат и раазвиваат. Токму сега кога и ние се соочуваме со светската економска криза потребно е да се зајакнат економските односи меѓу двете држави, истакна амбасадорот на Украина, г. Јуриј Гончарук.

Прочитај повеќе

Шведска го преземa претседателството со ЕУ...



Среда, 1 јули 2009 година

Шведска го преземa претседателството со ЕУ

Ротационото претседателство со Европската унија денеска Чешка официјално и го предава на Шведска, која ќе го води наредните шест месеци, односно до 31 декември 2009 година.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Трајко Вељаноски по повод 2 Авгус...



Пелинце, 2 август 2009 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски по повод одбележување на 65 години од асном

Уважени борци, учесници на антифашистичката борба,
илинденски потомци и следбеници,
Почитувани претставници на Македонската Православна Црква и на другите верски заедници, 
Дами и господа, екселенции,
Почитувани претставници на Владата на Република Македонија,
Почитувани претставници на Армијата на Република Македонија,
Почитувани претставници на локалната самоуправа, 
Драги пријатели,

Денеска ги славиме двата илиндена. Оној од 1903 година на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 година  на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.

Прочитај повеќе

Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнува...



Вторник, 4 август 2009 година, Национален совет за евроинтеграции

Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси

Национален совет за евроинтеграции на 31 јули 2009 година организираше Jавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување судир на интереси.

Прочитај повеќе

Шеесет и три милиони евра од Европската комисиja за научни ...



Петок, 31 јули 2009 година

Шеесет и три милиони евра од Европската комисиja за истражувачки проекти за помош на Африка

Европската комисиja побара проект-предлози целосно посветени на истражувања за Африка, кои ќе донесет решенија за сериозните проблеми со кои се соочува „Црниот континент“. Околу 63 милиони евра ќе бидат распределени за истражувачки проекти во текот на 2010 година, насочени кон подобрување на санитарните услови, обезбедување храна и вода во Африка.

Одбраните проекти ќе имаат за цел заживување на земјоделството, промовирање на поодржливи системи за производство, гаранција за безбедна храна, како и алармантни системи за ризици како суша или болести.

Проектите ќе се фокусираат на намалување на маларијата, рано откривање и лечење на најчестите инфекции поврзани со рак, подобрување на здравјето на мајките и бебињата, контрола на здравјето на мигрантите и решавање на проблемот со недостиг од медицински персонал.

Оваа специјална иницијатива за Африка ќе вклучи некои од научните и технолошките цели од стратегиското партнерство ЕУ – Африка, договорено од Европската комисија и Комисијата на Африканската унија во декември 2007 година.

На 18 септември ЕУ комесарот за наука и истражување, г-дин Јанез Поточник, заедно со претставник на Африканската унија ќе го отвори Информацискиот ден „Повик на Африка“.

Прочитај повеќе

Триесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет...



Среда, 29 јули 2009 година

Триесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

На Триесеттата седница, Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за условени парични трансфери, по скратена постапка.

Прочитај повеќе
1...131415...26                           
Click