Средба на ПСРМ со претседателот на Латвија...



Среда, 14 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Латвија, г. Валдис Затлерс

Претседателот Вељаноски посебно ја нагласи активноста на Собранието на Република Македонија во поглед на хармонизација на законодавството со ЕУ, го истакна значењето на парламентарната и регионална соработка и го искажа своето очекување дека Република Македонија за краток период ќе стане членка на НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ и во таа насока го поздрави фактот што Република Латвија се залага билатералните спорови, како што е нашиот спор со Република Грција, да не биде директен услов за напредување во евроинтегративните процеси

Прочитај повеќе

81 седница на Законодавно-правната комисија 14.07.10...



Среда, 14 јули 2010

Осумдесет и прва седница на Законодавно-правната комисија

Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на Осумдесет и првата седница, одржана на 13 јули 2010 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Благородна Дулиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во расправата по Предлог-законот, учествуваше повереникот на Владата на Република Македонија, г. Борче Смилевски, раководител на Сектор во Министерството за финансии, кој ги образложи причините за донесување на овој закон.

Комисијата Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

69 седница на Комисијата за финансирање и буџет 13.7.10...

Вторник, 13 јули 2010 година

Шеесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, денеска, на својата Шеесет и деветта седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за данокот на додадена вредност (по скратена постапка).

Воведно образложение по предложениот закон даде повереникот на Владата, г. Борче Смилевски. Тој истакна дека со измените се предлага продолжување на примената на повластена даночна стапка од 5% за прометот и увозот на земјоделска механизација до пристапување на Република Македонија во членство на Европската унија. 

Ваквата мерка е во функција на поттикнување на развојот на земјоделството, со цел да се стимулира набавката на земјоделска механизација која ќе придонесе за поголема продуктивност во земјоделието. Ова особено е значајно за индивидуалните земјоделски производители кои не се регистрирани субјекти за целите на данокот на додадена вредност и кои немаат право на одбивка на претходно платен ДДВ. 

Од наведените причини, а заради континуитет на примената на повластената даночна стапка од 5% за прометот и увозот на земјоделска механизација, се предлага овој закон да се применува од 1 јули 2010 година.  

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност.
Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со претседателот на Хрватска...



Понеделник, 12 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Македонија. На средбата, претседателот Вељаноски го нагласи значењето на овој континуитет на средби на највисоко ниво меѓу двете страни како поттик и наша заедничка определба да ги зацврстуваме нашите билатерални пријателски односи и во иднина

Прочитај повеќе

Средба на г. Трајко Вељаноски со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејанов...



Петок, 9 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски беше домаќин на својата колешка, претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ

Прочитај повеќе

Средба со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, 9.7.2010...



Петок, 9 јули 2010 година

Средба со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија денеска имаше средба со г-ѓа Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, претседател на Народното собрание на Република Србија

Прочитај повеќе

Разгледана Програмата и приоритетите за работата на Претсед...



Петок, 9 јули 2010 година, Комисија за европски прашања

Разгледана Програмата и приоритетите за работата на Претседателството на Кралството Белгија со ЕУ

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 8 јули 2010 година ги разгледа Програмата и приоритетите за работата на Претседателството на Кралството Белгија со Европската унија, за период 1 јули - 31 декември 2010 година, претставени од амбасадорот на Кралството Белгија, Н.Е Марк Микелсон.

Прочитај повеќе

Вељаноски донесе мерки во врска со настаните случени на 1 ј...



Четврток, 8 јули 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, донесе мерки во врска со настаните случени на 1 јули 2010 година

Врз основа на член 43 став (4) од Законот за Собранието на Република Македонија, остварената консултација со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, одржана на 6 и 8 јули 2010 година, увидот во видео-записите од мониторинг-системот пред и во зградата на Собранието на Република Македонија, извршен и врз основа на барање на група пратеници, како и врз основа на збирните информации добиени од Внатрешното обезбедување на Собранието, во врска со настаните случени на 1 јули 2010 година, одлучив да ги донесам следните мерки

Прочитај повеќе

68 седница на Комисијата за финансирање и буџет 8.7.10...



Четврток, 8 јули 2010 година

Шеесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 7 јули 2010 година ја одржа својата Шеесет и осма седница

Прочитај повеќе

45 седница на Комисијата за економски прашања 6.7.10...



Вторник,  6 јули 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 5 јули 2010 година ја одржа својата Четириесет и петта седница.

Комисијата како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка;
  2. Предлогот на закон за Европско друштво (второ читање);
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиската дејност (второ читање);
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање);
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност (второ читање).

Во претресот на предложените амандмани учествуваше заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков.

- По Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Комисијата за економски прашања го претресе амандманот по членот 1 со кој се предлага додавање на нов став 3, и истиот не го усвои.

- Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на закон за Европско друштво не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Заменик-министерот за економија во својата дискусија истакна дека сите одредби коишто се дефинирани во овој Предлог на закон ќе почнат да се применуваат со влегувањето на Република Македонија во ЕУ и сите работи коишто се истакнати во законот го намалуваат преостанатиот дел којшто треба да се спроведе и тоа во однос на правото на трговските друштва каде што изминатите години имаше голем успех.

Со донесувањето на овој закон, Република Македонија е многу близу во однос на усогласувањето и хармонизацијата во однос  на Законот за трговските друштва.

Во однос на местото каде што е регистрирана компанијата, заменик-министерот истакна дека се направени многу анализи од аспект истата да го менува своето место на основање, односно регистрација, без да имаат обврска да одат во ликвидација.

На крајот на своето излагање, тој истакна дека ќе се следат сите регулативи коишто се однесуваат на прекуграничното спојување и на можностите за основање на европски друштва.

- Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за вршење на занаетчиската дејност, во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа поднесени 11 амандмани од кои 8 не беа усвоени, а три беа повлечени од овластени предлагачи.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, Комисијата ги претресе и не ги усвои предложените четири амандмани.

- Комисијата за економски прашања во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија ги претресе и не ги усвои трите амандмани од овластени предлагачи по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност.

По завршувањето на расправата, Комисијата за економски прашања, петте Предлог-закони ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на Илија Димовски, 5.7.2010...



Понеделник, 5 јули 2010 година

Пратеникот Илија Димовски се сретна со г. Антонио Крстиќевиќ

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Австралија, г. Илија Димовски, денеска имаше средба со г. Антонио Крстиќевиќ, пратеник на владејачката партија во Западна Австралија. На средбата присуствуваше и г. Владимир Ѓорчев, член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија

Прочитај повеќе

Средба на Вељаноски со г. Антонио Крстиќевиќ...



Понеделник, 5 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со пратеникот на владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со пратеникот од владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ. На средбата, претседателот Вељаноски изрази задоволство од зголемениот интензитет на политичка соработка на високо ниво помеѓу двете земји во текот на оваа година и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи уште позасилено преку соработката на парламентарците на сите нивоа

Прочитај повеќе

Брисел, 5.7.2010...



Понеделник, 5 јули 2010 година, Брисел

За Република Македонија клучен приоритет е непречено одвивање на евроинтегративниот процес

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов, од 4 до 6 јули 2010 година учествува на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија - КОСАК, што се одржува во Брисел, Кралството Белгија

Прочитај повеќе

66 седница на Комисијата за финансирање и буџет 1.7.10...



Четврток, 1 јули 2010 година

Шеесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и шестата седница, одржана на 21, 22, 23, 25, 28, 29 и 30 јуни 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година

Прочитај повеќе

15 седница на Комисијата за култура 29.6.10...



Вторник, 29 јуни 2010 година

Петнаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница, одржана на 28 јуни 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за авторското право и сродните права - I читање

Прочитај повеќе
1...111213...24                         
Click