Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, ут...



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре во Република Македонија

Претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, утре, во рамките на својата балканска турнеја, ќе ја посети и Република Македонија. На еднодневната посета во Република Македонија, претседателот на Европскиот совет ќе оствари средба со македонскиот државен врв.

Пред почетокот на турнејата, г. Херман Ван Ромпуј, во своето видео-обраќање, на властите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, им порача дека за Западниот Балкан стои отворено местото во европскиот дом.

Споровите треба да се решат пред земјите да бидат примени во Унијата и дека од нив се очекува многу да работат.

„Ни требаат поинтензивни севкупни реформи во клучните области: демократија, добро раководење, човекови права и владеење на правото. Корупцијата и организираниот криминал се закана за стабилноста и економскиот развој. Силната регионална соработка мора да води кон добри меѓусоседски односи”, посочи г. Херман Ван Ромпуj.

Теми кои се очекува да доминираат на овие средби се претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а се очекува да стане збор и за билатералниот проблем за името со Грција.

Воедно, претседателот на Европскиот совет на својата балканска турнеја ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 18.10.10...



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 18 до 21 октомври, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, европратениците, меѓу другото, ќе повикаат на зголемување на инвестициите во научните истражувања, иновациите, образованието, енергетиката, ќе побараат поддршка за Палестина, како и започнување преговори за актуелната долгорочна буџетска рамка и нови начини за финансирање на буџетот

Прочитај повеќе

Македонската радиодифузна телевизија да се трансформира во ...



Четврток, 14 октомври 2010 година

Македонската радиодифузна телевизија да се трансформира во вистински јавен сервис

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на својата Педесет и осма седница, организираше Јавна расправа на тема: Каков радиодифузен сервис ѝ е потребен на Република Македонијa

Прочитај повеќе

Регионалната парламентарна соработка, 14.10.2010...



Четврток, 14 октомври 2010 година

Регионалната парламентарна соработка значајна за успешна борба против сиромаштијата и социјалната исклученост

Во организација на Собранието на Република Србија и Регионалниот совет за соработка, од 11 до 13 октомври, во Белград се одржа Регионална конференција на тема „Борба против сиромаштија и социјална исклученост во контекст на евроинтеграциските процеси: Улога на националните парламенти", на која учествуваа и пратениците - членови на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија: г. Никола Котевски и г-ѓа Станка Анастасова

Прочитај повеќе

79 седница на Комисијата за финансирање и буџет 8.10.10...



Петок, 8 октомври 2010 година

Седумдесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и деветтата седница, одржана на 7 октомври 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска, 7.10.2010...



Четврток, 7 октомври 2010 година

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија, со претставници од Сојузот за грижа на деца на Република Македонија

По повод Неделата на детето, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, оствари средба со претставници од Сојузот за грижа на деца на Република Македонија, деца од Здружението на граѓани Сумнал и деца од детската градинка „Орце Николов

Прочитај повеќе

Регионалната политичка соработка на Западен Балкан клучна з...



Вторник, 12 октомври 2010 година

Регионалната политичка соработка на Западен Балкан клучна за евроатланските интеграции

Собранието на Република Македонија, заедно со Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Societas Civils“ Скопје, денеска организираа Тркалезна маса на тема „Регионалната политичка соработка на Западен Балкан - на пат кон заедничката цел евроатланските интеграции" .

На Тркалезната маса воведни излагања имаа директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, г. Анри Боне и директорот на Институтот за демократија „Societas Civils“, г. Владимир Мисев, воедно земаа учество и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева, Н.Е. Алаин Брајан Бергант, амбасадор на Словенија во Република Македонија, Н.Е. Томислав Џурин, амбасадор на Република Србија во Република Македонија, г. Сафет Незири, пратеник на ДУИ, Н.Е. Арбен Чејку, амбасадор на Албанија во Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, пратеник и член на Комисијата за надворешна политика и г-ца Христина Рунчева, пратеник и член на Комисијата за надворешна политика при Собранието  на Република Македонија.

Пратеници и амбасадори на земјите од регионот имаа можност да дискутираат и да ги споделат своите погледи во однос на поволностите од зајакнатата регионална соработка на полето на безбедноста, економијата, транспортот, инфраструктурата, животната околина, борбата против организираниот криминал на патот на Република Македонија кон ЕУ, како и евроатланската интеграција на нејзините соседи на Балканот.

Јакнењето на регионалната соработка во регионот Западен Балкан претставува една од круцијалните заложби на сите земји од регионот и клучен фактор за воспоставување и одржување политичка стабилност, сигурност и економски просперитет. Оттука, заложбите за зајакната соработка во овие сфери останува да биде висок приоритет на владите на земјите од регионот.

Меѓу мислењата изнесени на денешната Тркалезна маса, се дека регионалната соработка не може директно да не внесе во ЕУ и НАТО, но може да придонесе за нејзино побрзо етаблирање, дека треба да се интензивира парламентарната соработка како приоритет на регионалната соработка за пратениците да бидат промотори и двигатели на овој процес преку работа на проекти кои би придонеле за инфраструктурно, економско и културно поврзување помеѓу земјите од регионот, со цел надминување на стереотипите од минатото и дека политичкиот дијалог помеѓу државите е клучен за ЕУ приближување.

Со цел поширока афирмација на улогата на регионалната соработка на Западен Балкан во процесот на интеграција на регионот кон евроатланските структури, потребата од регрутирање на експертизата во сферата и поттикнување на јавна дебата, беше промовирано и новото, триесет и прво издание на „Политичка мисла“ посветено на оваа тема.

Прочитај повеќе

Обраќање на Вељаноски по повод одбележување на илјада и сто...



Понеделник, 4 октомври 2010 година

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на меѓународен симпозиум по повод одбележувањето на илјада и стогодишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот

Годинава кога во Република Македонија, преку најразлични манифестации и научни собири, се одбележува илјада и стогодишнината од упокојувањето на Свети Наум Чудотворецот, особено радува фактот што во одбележувањето се вклучени најразлични државни, високообразовни и научни институции, понатаму Македонската православна црква и други субјекти, што покажува дека, како држава, како народ, како граѓани, знаеме да го почитуваме, да го чуваме и надградуваме нашето историско и културно наследство

Прочитај повеќе

Работна средба на Клубот на пратенички со г-ѓа Алида М. Бле...



Понеделник, 4 октомври 2010 година

Работна средба на Клубот на пратенички со г-ѓа Алида М. Блек

Клубот на жени во Собранието на Република Македонија денеска оствари работна средба со г-ѓа Алида М. Блек, професор по историја и меѓународни односи на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ - САД.

Прочитај повеќе

ИЗЛЕЗЕ ОСМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МПК РМ-ЕУ 04,10,10...



Понеделник, 4 октомври 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ОСМИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

На почетокот на месец октомври, излезе осмото издание на Билтенот на собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ). Во тековниот број, содржани се информации и активности за посетата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Република Турција и за средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и други информации поврзани со активностите на релевантните собраниски тела и делегации кои работат на европски прашања. 

Прочитај повеќе

78 седница на Комисијата за финансирање и буџет 4.10.10...



Понеделник, 4 октомври 2010 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 27 септември 2010 година ја одржа својата Седумдесет и осма седница

Прочитај повеќе

Администрација - Брисел, 1.10.2010...



Петок, 1 октомври 2010 година, Брисел

Создавање на квалитетна и непристрасна администрација како одговор на предизвиците на модерното работење

На семинарот беа дебатирани прашања за преземените и спроведените реформи на јавната администрација и судството, потоа за придобивките и искористеноста на ИПА фондовите во делот на јакнење на капацитетите на државните институции, како и за сите останати прашања поврзани со напредокот на реформите во зајакнување на капацитетите на јавната администрација и судството

Прочитај повеќе

48 седница на Комисијата за економски прашања 30.9.10...



Четврток, 30 септември 2010 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 29 септември 2010 година ја одржа својата Четириесет и осма седница

Прочитај повеќе

Вељаноски на средба со претседателот г. Мехмет Али Шахин...



Вторник, 28 септември 2010 година

Делегација од Собранието на Република Македонија предводена од претседателот, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Големото народно собрание на Турција, г. Мехмет Али Шахин

Претседателот Вељаноски, искажувајќи благодарност за досега добиената поддршка од Република Турција, потенцираше дека односите меѓу двете држави се повеќе од пријателски и имаат значајна улога во целокупната стабилност во регионот и пошироко. Тој изрази убеденост дека без оглед на проблемите кои ја забавуваат интеграцијата, истите ќе се надминат и двете држави ќе станат дел од Европската унија.

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски со патријарх Вартоломеј и г.Абдулах Ѓул...



Понеделник, 27 септември 2010 година, Истанбул

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и со претседателот на Република Турција, г. Абдулах Ѓул

На средбата во Цариградската патријаршија претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство што токму денеска, на Крстовден се сретнува со патријархот Вартоломеј и изрази благодарност и почит кон пасторалниот и духовен придонес кој го дава во целата православна екумена, на која ѝ припаѓа и македонскиот народ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Прочитај повеќе
1...789...24                         
Click