71 седница на Комисијата за финансирање и буџет24.8.10...



Вторник, 24 август 2010 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 23 август 2010 година, ја одржа Седумдесет и првата седница, на која како матично работно тело разгледа четири Предлог-закони:

  • Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (второ читање);
  • Предлог на закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4  (второ читање);
  • Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација (второ читање);
  • Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се случи меѓу Кредитната банка за обнова-КФВ и АД ЕЛЕМ (второ читање).

Со оглед на тоа што по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд, не беа поднесени амандмани, Комисијата  едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд.

По Предлогот на закон за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4, беа поднесени Амандман на членот 3, Амандман за додавање на нов став 2 по ставот 1 во членот 3, Амандман за додавање на нов член 5-а по членот 5, кои од страна на Комисијата не беа усвоени.

Комисијата со 5 гласа „за“, 2 „против“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се испонети условите за подготовка на Дополнет предлог на овој закон и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе законот за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на Oдборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4.

Комисијата со 3  гласа „за“ и 5 „против“  не го усвои Амандманот за додавање на нов член 5-а по членот 5 на Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација.

Комисијата со 5гласа „за“,  2 „против“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог и му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за дополнителното финансирање на Проектот за катастар на недвижности и регистрација.

Амандманот за додавање на нов член 6-а по членот 6 по Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КфВ и АД ЕЛЕМ Комисијата  со 3 гласа „за“ и 5 „против“, не го усвои.

Комисијата со 7 гласа „за“ и 1 „воздржан“, заклучи дека не се исполнети условите да се подготви Дополнет предлог и му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи“, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КфВ и АД ЕЛЕМ.

Прочитај повеќе

Обраќање на Вељаноски пред споменикот на Ченто...



Понеделник, 2 август 2010 година

обраќање на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски пред споменикот на Методија Андонов - Ченто

Денес кога на Мечкин Камен, во Пелинце и ширум целата држава се одбележуваат и слават двата Илиндена, се собравме овде да му оддадеме почит на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Човек кој целиот свој живот се бореше за остварување на идеалите на двата Илиндена, за слободна и самостојна Република Македонија, како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната национална или верска припадност

Прочитај повеќе

Претседателот Трајко Вељаноски ќе положи венец свежо цвеќе...



Петок, 30 јули 2010 година

Претседателот г. Трајко Вељаноски ќе положи венец свежо цвеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Наташа Јаневска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и г-ѓа Зумрете Јакупи, пратеник од ДУИ, по повод 2 Август - Ден на Републиката, во понеделник во 10,00 часот, на плоштад „Македонија“, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Прочитај повеќе

Средба на г. Трајко Вељаноски со г. Илир Мета...



Среда, 28 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со г. Илир Мета, заменик-претседател на владата и министер за надворешни работи на Република Албанија

На средбата, претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство од досегашното високо ниво на билатерални односи и нагласи дека двете земји заеднички ги споделуваат темелните европски принципи на регионалната соработка и во иднина ќе продолжат да соработуваат во рамките на евроинтеграциските процеси. Претседателот Вељаноски посебно ја нагласи досегашната интензивна парламентарна соработка на сите нивоа, упати благодарност до Република Албанија за нејзината поддршка кон нашата интеграција во НАТО и изрази надеж дека во најскоро можно време ќе изнајдеме решение за нашиот спор со Република Грција кое ќе биде трајно и со коешто двете страни ќе бидат задоволни и како што нагласи претседателот Вељаноски „очекувам целиот регион заедно да биде дел од европското семејство“.

Прочитај повеќе

„Илинденски денови“, 28.7.2010...



Среда, 28 јули 2010 година

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, ќе го отвори jубилејноto издание на фестивалот „Илинденски денови“

Под покровителство на Собранието на Република Македонија, од 29 јули до 1 август 2010 година, во Битола, ќе се одржи по 40-ти јубилеен пат Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, госпоѓа Светлана Јакимовска, официјално ќе го отвори фестивалот

Прочитај повеќе

ЕУ порача Македонија да продолжи со реформите 28.7.10...



Среда, 28 јули 2010 година

ЕУ порача Македонија да продолжи со реформите

На вчерашниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија во Брисел, беа разгледани клучните настани поврзани со исполнувањето на политичките критериуми. Од Република Македонија беше побарано да продолжи со реформите, во однос на подобрување на политичкиот дијалог, професионализација на јавната администрација, независност на судството, борба против корупцијата, подобрување во полето на човекови права и подобрување на бизнис средината

Прочитај повеќе

Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ме...



Вторник, 27 јули 2010 година

Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Постигнувањата на Република Македонија на патот кон членство во Европската унија, политичките и економските критериуми, спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, финансиската соработка и приспособувањето кон ЕУ законодавството, ќе бидат разгледани на денешниот Седми состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ

Прочитај повеќе

82 седница на Законодавно - правната комисија 24,07,10...



Сабота, 24 јули 2010 година

Осумдесет и втора седница на Законодавно - правната комисија

Законодавно - правната комисија на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и втората седница одржана на 22 јули 2010 година во Прво читање ги разгледа  Предлогот на законот за регулирање на обврските на Република Македонија кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето комулативна алокација на специјални права на влечење одобрени со Резолуција на одборот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд бр.64-3 и бр.52-4 , Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем наменет за финансирање на проектот „Рехабилитација на шест хидроенергетски централи”, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова-КФВ и АД ЕЛЕМ и Предлогот на законот за меѓународна соработка во кривичната материја.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Клуб на пратеницки, 25.2.2010...



Четврток, 25 февруари 2010 година

Јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија

Клубот на пратенички, на 24 февруари 2010 година, организираше јавна расправа на тема: Родови политики во Европската унија. Трибината ја отвори координаторката на Клубот на пратенички Славица Грковска-Лошкова

Прочитај повеќе

Мирот на Балканот е услов за стабилност на цела Европа 23.7...



Петок, 23 јули 2010 година

Мирот на Балканот е услов за стабилност на цела Европа

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со г. Пјер Лелуш, министер за европски прашања на Француската Република. Во состав на Делегацијата беа присутни амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Н.Е. Жан Клод Шлумберже, европратеникот г. Арно Данжан и г. Тиери Гишу, заменик-директор во подирекција за Балканската Европа

Прочитај повеќе

70 седница на Комисијата за финансирање и буџет 23.7.10...



Петок, 23 јули 2010 година

Седумдесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 22 јули 2010 година ја одржа својата Седумдесетта седница

Прочитај повеќе

Женева 1, 21.7.2010...



Среда, 21 јули 2010 година, Женева

Македонија покажува дека технологијата може многу да помогне во зголемување на транспарентноста, отвореноста и отчетноста

„Ние сме сериозно посветени да продолжиме со понатамошно унапредување на демократијата во сите делови на светот. Ние мора да ја зголемиме јавната доверба кон парламентите и да ја потврдиме најчесто цитираната фраза дека ‘нема демократија без силен парламент’“

Прочитај повеќе

Трето продолжение на 11 седница на Комисијата за култура 21...



Среда, 21 јули 2010 година

Трето продолжение на Единаесеттата седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура, денеска, на третото продолжение на Единаесеттата седница од Надзорната расправа на тема: „Имплементација на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности“, согласно со членот 23 став 2 од Законот за Собранието на Република Македонија, а врз основа на надзорната расправа едногласно го усвои следниов Заклучок

Прочитај повеќе

Женева, 19.7.2010...

Понеделник, 19 јули 2010 година

Учество на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули на Третата светска конференција на спикери на парламентите

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули учествува на Третата светска конференција на спикери на парламентите која во организација на Интерпарламентарната унија се одржува во Женева од 19 до 21 јули 2010 година.

„Парламентите во светот на криза: обезбедување на глобална демократска одговорност за заедничко добро на сите“  е централна тема на конференцијата.

Повеќе од 150 претседатели на парламенти ќе учествуваат на оваа Трета светска конференција на спикери на парламенти, која се одржува секои пет години. Како највисоки законодавни претставници, тие во рамките на тродневната расправа ќе се обидат да дадат колективни одговори за повеќето предизвици со кои се соочува светот. Конференцијата ќе се одржи во ООН во Женева, а на отворањето ќе зборува генералниот секретар на ООН, г. Бан Ки Мун.

Се очекува конференцијата да заврши со усвојување на декларација. 
Прочитај повеќе

54 седница на Комисијата за европски прашања 16.07.10...



Петок, 16 јули 2010 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата Педесет и четврта седница. На седницата беше разгледана Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2010, за периодот 1.4.2010 - 30.6.2010, изготвена од страна на  Секретаријатот за европски прашања, како и Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја - прво читање, чиј предлагач е Министерството за правда.

Во врска со првата точка на дневниот ред, свое обраќање имаше вицепремиерот задолжен за европски прашања,  г. Васко Наумовски, кој меѓу другото истакна дека динамиката на усогласување на македонското законодавство со европското бележи континуитет и дека во изминатиот период е постигнат голем напредок во однос на сите поглавја на Националната програма за усогласување на правото на Европската унија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов, го поздрави навременото доставување на Информацијата од страна на Секретаријатот за европски прашања и истакна дека истата е доказ за транспарентното и одговорно работење на Владата на Република Македонија.

Ставот на најголемата опозициона партија, го изнесе пратеникот г. Игор Ивановски, кој истакна дека има забавување на реформскиот процес и дека евроинтегративниот процес на Република Македонија не оди во добра насока.

Во врска со втората точка, заменик-министерот за правда, г. Ибрахим Ибрахими, ја образложи потребата за донесување на Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Прочитај повеќе
1...101112...24                         
Click