Понеделник, 29 март 2010 година

Комисијата за одбрана и безбедност оствари средба со претставници од Високата школа за одбрана

Комисијата за одбрана и безбедност денеска оствари средба со претставници од Високата школа за одбрана на холандскиот Институт за меѓународни односи - Клингендаел



Понеделник, 29 март 2010 година

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на состанок на Комисијата за миграции, бегалци и население

Пратеникот Андреј Жерновски ќе учествува на состанокот на Комисијата за миграции, бегалци и население на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кој се одржува на 30 и 31 март 2010 година во Париз



Петок, 26 март 2010 година

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими г. Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО

Потсетувајќи дека Република Македонија денес не е членка на НАТО заради спорот со нашиот јужен сосед, претседателот на Собранието, г. Трајко  Вељаноски истакна дека ние продолжуваме со сите потребни реформи за наше целосно интегрирање во евроатлантските структури



Петок, 26 март 2010 година

Обраќањето на претседателот на собранието вељаноски на отворањето на меѓународниот натпревар за студенти

Ми причинува огромно задоволство денеска да сум овде со вас во рамките на квалификациските натпревари за студенти по европски студии, политички науки, право, економија и информациски технологии.
Посебно ме радува фактот дека на овие натпревари учествуваат студенти како од државните, така и од приватните универзитети во Република Македонија, бидејќи и во високообразовниот процес и факултетите потребна е здрава конкурентност која, пред сè, води кон подигнување на квалитетот на образовниот и научно-истражувачкиот процес на универзитетите. 



Петок, 26 март 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го прими Министерот за надворешни работи на Република Турција Ахмет Давутоглу

На средбата, која помина во отворена и пријателска атмосфера, и двете страни оценија дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу добри, нема отворени прашања, а сето ова дава добра основа тие односи да се развиваат и продлабочуваат. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи благодарност за поддршката од страна на Република Турција за наше членство во НАТО, потсети дека Република Македонија и по Букурешт активно и одговорно ги презема и исполнува своите обврски кон алијансата



Петок, 26 март 2010 година

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Турција

Денеска претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, г. Кенан Хасипи имаше средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, г. Ахмет Давутоглу, кој се наоѓа во дводневна посета на Република Македонија

Четврток, 25 март 2010 година

НАТО се надева дека Македонија наскоро ќе стане 29-та членка на Алијансата

Ставот на НАТО останува непроменет – Република Македонија да добие покана за членство веднаш штом ќе биде најдено заедничко прифатливо решение со Република Грција во однос на спорот со името. Тоа е единствената пречка за добивање покана за полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

Ова беше повторено на денешната средба на експертскиот тим на НАТО, предводен од г. Стефан Елгерсма, надлежен офицер за досието на Република Македонија, со координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија: г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Тахир Хани, г-ѓа Флора Кадриу и г. Стојан Андов, како и со г. Љубисав Иванов Ѕинго, г. Кенан Хасипи и г. Авдија Пепиќ од останатите политички партии застапени во Собранието.

Во Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2009-2010 година се поставени клучните цели и приоритети што земјата планира да ги оствари во тој период. Оваа Програма претставува одраз на определбата и унапредувањето на националните реформи, со цел натамошно јакнење на политичките, економските, одбранбените и безбедносните перформанси на земјата, согласно утврдените стандарди на Алијансата.

Експертскиот тим на НАТО изрази заинтересираност за она што се работи во однос на реформите, за да може да подготви извештај за напредокот во рамките на Програмата.

Македонските пратеници ги запознаа гостите со сето она што го вложува Република Македонија на патот кон евроинтеграциите и потенцираа дека полноправното членство во Нато-алијансата е стратешка определба на земјата, како што е и членството во ЕУ.

Господин Елгерсма истакна дека НАТО постојано ќе следи како се развива нашата земја и ќе ги охрабрува двете страни да бидат конструктивни во решавањето на спорот. Тој изрази надеж дека во блиска иднина Република Македонија ќе стане 29-та членка на Алијансата.


Среда, 24 март 2010 година, Брисел

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Семинар за парламентарци и службеници од парламентите на земјите од Западен Балкан

Во име на македонската парламентарна делегација пратеникот г. Јован Манасијевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, имаше презентација за парламентарната буџетската контрола



Среда, 24 март 2010 година, Мадрид

Aктивното учество во регионалните иницијативи придонесува во обезбедувањето на мир и безбедност на балканските простори

Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на комисијата, г-ѓа Теута Арифи, во чиј состав се членовите на комисијата г. Владо Бучковски и г. Павле Трајанов, која престојува во дводневна работна посета на Кралството Шпанија, оствари средби со својот домаќин, претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот г. Жузеп Антони Дуран и Леида и членовите на Комисијата, како и со претседателот, г. Адорасион K. Браво и членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанскиот парламент

Среда, 24 март 2010 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции, заеднички со Фондацијата „Фридрих Еберт“, организираше јавна расправа на тема „Обновливи извори на енергија - Дали може германското искуство да биде корисно за Република Македонија".



Среда, 24 март 2010 година

Триесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 32. Седница, одржана на 22 март 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за вино и Извештајот на Законодавно-правната комисија на Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој



Понеделник, 22 март 2010 година, Комисија за финансирање и буџет

Разгледан Предлогот на закон за државната ревизија

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Педесет и шестата седница, одржана на 18 март 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за државната ревизија (прво читање)



Понеделник, 22 март 2010 година

Триесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на 17 март 2010 година ја одржа Триесет и осмата седница



Понеделник, 22 март 2010 година

Триесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 31. седница одржана на 17 и 19 март 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за вино (второ читање) и Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој (второ читање)



Понеделник, 22 март 2010 година

Педесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 15 март 2010 година ја одржа Педесет и петтата седница



Понеделник, 15 март 2010 година, Комисија за надворешна политика

Надзорна расправа на тема „Имплементација на Спогодбата меѓу Владата на земјата примач и Владата на земјата испраќач која се однесува на стопанска, техничка и сродна помош“

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Републлика Македонија на 18 февруари и 12 март 2010 година одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на Спогодбата меѓу Владата на земјата примач и Владата на земјата испраќач која се однесува на стопанска, техничка и сродна помош“.



Четврток, 11 март 2010 година

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, оствари средба со Делегација од Република Словенија

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љубисав Иванов Ѕинго, оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Павел Гантар. Во составот на Делегацијата на Република Словенија беа и шефот на Пратеничката група, г. Јошко Годец, потпретседателот на Комисијата за прашања со Европската унија , г. Богдан Баровиќ и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Алан Брајан Бергант.



Четврток, 11 март 2010 година

Средба на координаторите на Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија со Делегација од Република Словенија

Координаторите на Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Цветанка Иванова, г.Тахир Хани, г. Абедин Зумбери и г. Стојан Андов, остварија средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, г. Павел Гантар



Среда, 10 март 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со Делегацијата на Државниот збор на Словенечкиот парламент, предводена од претседателот д-р Павел Гантар

На почетокот на разговорите и двете страни истакнаа дека односите меѓу Република Македонија и Република Словенија се многу добри и повеќе од пријателски, а меѓу двете држави нема отворени прашања.
„Тоа ни дава можност билатералните односи да ги продлабочуваме во сите сфери и на сите нивоа“, истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.



Среда, 10 март 2010 година

Средба на претседателот на комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и заменик-претседателот на комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, д-р Павел Гантар

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов и заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, остварија средба со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Н.Е. д-р Павел Гантар. Воедно во составот на Делегацијата на Република Словенија беа и шефот на Пратеничката група, г. Јошко Годец, потпретседателот на Комисијата за прашања со Европската унија , г. Богдан Баровиќ и амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Алан Брајан Бергант.



Среда, 10 март 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија со претседателот на Државниот Збор на Република Словенија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, г. Јован Лазарев, заедно со членовите г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Соња Цветковска, г-ѓа Косана Николиќ Мазнева, г-ѓа Маринела Тушева, г. Марјанчо Николов и г. Тахир Хани остварија средба со Делегација на Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот Збор на Република Словенија, Н.Е. д-р Павел Гантар



Среда, 10 март 2010 година

Триесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, одржана на 5 март 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за дополнување на Законот за здравјето на растенијата (прво читање).



Понеделник, 8 март 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 8 до 11 март, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, која ќе ја отвори претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, со изјава по повод 99. Меѓународен ден на жената - 8 Март



Понеделник, 8 март 2010 година

Стоп за насилството врз жените

Денеска, на 8 Март - Меѓународниот ден на жените, министрите за вработување и социјални прашања на Европската унија ќе ги дефинираат инструментите и основните насоки на дејствување на стратегијата на Европа против половото насилство



Понеделник, 8 март 2010 година

Педесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Педесет и третата седница, одржана на 4 март 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите (во скратена постапка).



Петок, 5 март 2010 година

Западен Балкан во фокусот на неформалната средба на европските министри за надворешни работи

На 5 и 6 март во Кордоба ќе се одржи неформална средба на европските министри за надворешни работи, на која домаќин ќе биде г. Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи и соработка на Шпанија, која претседава со Европската унија



Вторник, 2 март 2010 година

Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, со делегација на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Република Италија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска се сретна со делегација на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на Парламентот на Република Италија



Понеделник, 1 март 2010 година

Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска со Делегација од Република Хрватска

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ и и членовите г-ѓа Надица Танчева-Тулиева, г. Панче Дамески и г. Васко Шутаров денеска остварија средба со делегација од Република Хрватска по повод одржувањето на Годинешното собрание на Заедницата на Хрватите во Република Македонија



Понеделник, 1 март 2010 година

Педесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 26 февруари 2010 година ја одржа Педесет и втората седница



Понеделник, 1 март 2010 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 29. Седница, одржана на 24 февруари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за земјоделство и рурален развој (прво читање)

Click