Четврток, 31 март 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, г. Дирк Бренгелман

На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека безбедноста на една држава, регион, па и пошироко, не може да се темели само врз оружјето, армијата и полицијата, туку пред сè на градење на стабилни политички и економски состојби. Токму во таа насока е и работата на Собранието на Република Македонија, како во процесот на донесување на закони, така и во остварувањето на надзорната улога на парламентот врз извршната власт. Фактот што Извештајот за напредокот на Република Македонија од Европската комисија дава позитивна оцена и за парламентот и за државата, и што Извештајот содржи препорака за започнување на преговори за членство, докажува дека сме на вистинскиот пат и дека добро работиме во остварувањето на евроатланската агенда.



Среда, 30 март 2011 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и прва седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа



Среда, 30 март 2011 година

Шеесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Шеесетта седница, како матично работно тело во прво читање ги разгледа



Среда, 30 март 2011 година

Седумдесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и четвртата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа:



Среда, 30 март 2011 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и третата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа



Среда, 30 март 2011 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 29 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа



Вторник, 29 март 2011 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на Педесет и деветтата седница одржана вчера, како матично работно тело во прво читање ги разгледа



Вторник, 29 март 2011 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Седумдесет и осма седница, како матично работно тело ги разгледа



Вторник, 29 март 2011 година

Триесет и седма седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на својата Триесет и седма седница, одржана на 28 март 2011 година, како матично работно тело го разгледа



Петок, 25 март 2011 година

Интензивирање на билатералната соработка е од заеднички интерес за Македонија и Молдавија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, во протоколарна посета денеска го прими Н.Е. Александру Пригорски, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Молдавија за Република Македонија, со седиште во Софија, кој дојде во Република Македонија по повод предавањето на акредитивните писма



Петок, 25 март 2011 година

Поддршка и сочувство до јапонскиот народ од сите граѓани на Македонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска оствари средба со Н.Е. Шигео Иватани, вонреден и ополномоштен амбасадор на Јапонија за Република Македонија



Петок, 25 март 2011 година

Индонезија може да биде база за влез на Македонија на азискиот пазар

Во рамките на церемонијата на предавање на акредитивни писма, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија за Република Македонија, со седиште во Будимпешта, Н.Е. Марули Туа Сагала, го посети и потпретседателoт на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити



Петок, 25 март 2011 година

Турција и понатаму останува силен поддржувач на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Претседателот на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп-Арсов, денеска оствари средба со министерот за европски прашања и главен преговарач на Република Турција, г. Егемен Багиш



Петок, 25 март 2011 година

Македонија да продолжи на патот на парламентарната демократија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, г. Кенан Хасипи и членовите: г. Цветко Грозданов, г. Андреј Жерновски, г. Авдија Пепиќ и г. Назиф Буши, денеска остварија средба со министерот за европски прашања и главен преговарач на Република Турција, г. Егемен Багиш



Четврток, 24 март 2011 година

Стота седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на денешната Стота седница, како матично работно тело разгледа пет Предлог-закони



Четврток, 24 март 2011 година

Шеесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеесет и втора седница, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стечај;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност.

Претседателот на Комисијата, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по трите Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања заклучи трите Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка на Собранието на Република Македонија.

 

 



Четврток, 24 март 2011 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и втора седница, како матично работно тело ги разгледа



Четврток, 24 март 2011 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на Триесет и шестата седница, одржана на 22 март 2011 година, како матично работно тело ги разгледа



Четврток, 24 март 2011 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Седумдесет и втората седница, одржана на 22 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа



Среда, 23 март 2011 година

сРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ вЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА рЕПУБЛИКА кОСОВО, Г. бЕЏЕТ пАЦОЛИ

Односите меѓу Република Македонија и Република Косово се многу добри и имаат нагорен тренд - oва беше истакнато на средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со претседателот на Република Косово, г. Беџет Пацоли



Среда, 23 март 2011 година

Македонија да продолжи на евроинтегративниот пат

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева,  денеска оствари средба со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија, која беше предводена од г. Михај Бала, претседател на Комисијата.



Среда, 23 март 2011 година

Македонија може да смета на поддршката од Унгарија

За Република Македонија е многу важно што ја има поддршката од земјите пријатели, како што е Унгарија, која го почитува нашето уставно име, како и тоа што во агендата на нивното актуелно претседателство со Европската унија го имаат проширувањето на Унијата и добрососедските односи.



Среда, 23 март 2011 година

Педесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 58. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура



Вторник, 22 март 2011 година

Средба на г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија со делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска прими делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија, која беше предводена од г. Михај Бала, претседател на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија



Вторник, 22 март 2011 година

Местото на Македонија ѝ е во евроатланТските структури

Унгарија дава целосна поддршка за евроинтеграциите на Република Македонија и нејзиното место е во евроатлантските структури, потенцираше Делегацијата на претседателството на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Унгарија, на средбата со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи



Вторник, 22 март 2011 година

Седница на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Од 22 до 24 март во Стразбур, ќе се одржи 20. седница на Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа, во текот на која ќе се одржи дебата за реформите на Советот на Европа и улогата на Конгресот.

Локалните и регионалните размери на човековите права ќе бидат во фокусот на денешната дискусија, а исто така ќе стане збор и за положбата на Ромите во Европа.

Меѓу другото, на тридневната седница во Дворецот на Европа, ќе се зборува и за засилување на соработката со Европската унија, а на дневниот ред ќе се најдат и извештаите за состојбата на локалната демократија во Малта, регионалната и локалната демократија во Турција, Австрија и Романија, како и извештајот од набљудувањето на општинските избори во Украина на 31 октомври 2010 година.

Исто така, ќе има и дебати за меѓурелигиозниот и меѓукултурниот напредок на локално ниво, улогата на регионалните омбудсмани, енергијата и енергетската ефективност на регионално ниво, Европската седмица на локална демократија, заштитата на градовите од елементарни непогоди и за регионите со посебен статус.



Понеделник, 21 март 2011 година

Деведесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и деветтата седница, одржана денеска, како матично работно тело ги разгледа



Понеделник, 21 март 2011 година

21 Mарт - Ден на Медитеранот

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, г. Илија Димовски, по овој повод истакна дека кон тригодишната традиција на пригодното одбележување на овој ден од страна на парламентите на земјите-членки на Парламентарното собрание на Медитеранот, се приклучува и Собранието на Република Македонија



Понеделник, 21 март 2011 година

Меѓународен ден против расната дискриминација

Денеска, на 21 март, се одбележува Меѓународниот ден против расната дискриминација. Советот на Европа е решен да ја продолжи својата работа на ова поле, преку сите средства со кои располага, со цел никој да не биде изложен на дискриминација или омраза по расна основа, по боја на кожа, пол, јазик, религија, потекло и слично



Петок, 18 март 2011 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со европратеникот, г-ѓа Сандра Калниете

На средбата, покрај потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, присуствуваа и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија–Европска унија, г. Александар Спасеновски, заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, претставници и членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и останати пратеници, членови и претставници на Советот и Комисиите.



Петок, 18 март 2011 година

Педесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и седма седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа



Петок, 18 март 2011 година

Триесет и петта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана вчера, како матично работно тело го разгледа



Петок, 18 март 2011 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Седумдесет и прва седница, како матично работно тело го разгледа



Петок, 18 март 2011 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и четвртата седница одржана на 17 март 2011 година, како матично работно тело го разгледа



Четврток, 17 март 2011 година

Средба на г-ѓа Благородна Дулиќ со претставници на министерството за надворешни работи на Република Хрватска

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ  и членовите на Групата, денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ, присуствуваа и членовите на Групата: г. Васко Шутаров, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева и г. Панче Дамески.

Во состав на хрватската делегација беа Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска; Н.Е. Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија; г. Стјепан Глас, ополномоштен министер во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија и г. Петар Михатов, советник на министерот за надворешни работи.

Претседателот на Пратеничката група, г-ѓа Благородна Дулиќ, средбата ја искористи да ги запознае присутните со актуелната политичка ситуација со која се соочува Република Македонија, а беа разменети мислења по прашањето за името и стремежот на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Присутните ги посочија досегашните добри билатерални односи помеѓу двете земји, како и надеж за развивање и продлабочување на таа соработка на сите полиња во иднина.

Беше истакната и спогодбата постигната во Сплит за заемно решавање на прашањата со малцинствата помеѓу двете држави, односно македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија.

Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска, посочи дека на оваа средба гледа како можност за размена и пренос на совети помеѓу двете држави и дека Република Хрватска може со своето искуство да ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, а со тоа и на регионот.



Четврток, 17 март 2011 година

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на состанокот на Комисијата за миграции, население и бегалци на Парламентарното собрание на Советот на Европа

На состанокот, г. Андреј Жерновски беше определен и за известител на темата: „Недозволена трговија со мигранти за присилно вработување". Станува збор за проблем со кој се соочуваат сите европски држави, имајќи предвид дека оваа форма на криминална активност е трета по обем, по недозволената трговија со наркотици и оружје



Среда, 16 март 2011 година

Европарламентот ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, со 49 гласа „за“, 7 „против“ и 3 „воздржани“, попладнево ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник, г. Зоран Талер.

Беа постигнати 14 компромисни амандмани за новиот текст на Резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152.

Клучната препорака во Резолуцијата е Македонија што побрзо да започне преговори за членство во Европската унија.

„Наша цел е Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во блиска иднина. Затоа Европскиот парламент препорачува пристапните преговори да почнат веднаш, што двапати беше потврдено и побарано и од Европската комисија“, изјави европратеникот Талер. 

Во Резолуцијата, исто така, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон и комесарот за проширување, г. Штефан Филе, беа повикани поактивно да се ангажираат за наоѓање решение во спорот за името со Грција. 

Во еден од компромисните амандмани, се инсистира „двете страни да ги разрешат билатерланите проблеми  во духот на добрососедството, водејќи  сметка за општиот интерес на ЕУ“.

Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.

По изгласувањето во Комисијата за надворешни работи, Резолуцијата за Македонија ќе биде ставена на пленарната седница на Европскиот парламент, закажана за во април, во Стразбур.



Вторник, 15 март 2011 година

Работна средба на Клубот на пратенички по повод Светскиот ден на бубрезите

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија оствари работна средба по повод денешниот Светски ден на бубрезите, во организација на Македонското здружение за нефрологија, трансплатација и вештачки органи



Вторник, 15 март 2011 година

Деведесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и седмата седница одржана на 10 март 2011 година, како матично работно тело разгледа пет Предлог-закони, кои ги образложи заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи



Понеделник, 14 март 2011 година

За Македонија е многу значајно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, г. Александар Спасеновски, остварија средба со новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Питер Соренсен



Понеделник, 14 март 2011 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и петтата седница, одржана на 11 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа



Понеделник, 14 март 2011 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и првата седница, одржана на 11 март 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа



Петок, 11 март 2011 година

Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија оствари средба со г-ѓа Лиа Шемтов, претседател на Групата за пријателство Израел-Македонија во Кнесетот на Државата Израел

На средбата гостите ѝ ги пренесоа на г-ѓа Јакимовска своите впечатоци од церемонијата по повод свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокуастот на Евреите од Македонија, притоа нагласувајќи дека со овој чин повторно се потврдуваат блиските и пријателски врски меѓу Република Македонија и Државата Израел. Беше подвлечено дека Република Македонија треба да претставува пример и за многу побогати и поразвиени земји во однос на тоа како се справува со предизвиците на мултиетничкото општество, притоа почитувајќи ги сите свои граѓани на достоен начин



Четврток, 10 март 2011 година

Работна средба на претседателите на парламентарните групи за соработка на собранието на република македонија и на државата израел

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, по повод отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, вчера оствари работна средба со г-ѓа Лиа Шемтов, претседателка на Групата за пријателство Израел-Македонија во Кнесетот на Државата Израел



Четврток, 10 март 2011 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на 24. Седница, одржана на 9 март 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:



Среда, 9 март 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со вицепремиерот на Државата Израел, г. Моше Јалон и претседателот на пратеничката група за соработка на израелскиот Кнесет, г-ѓа Лиа Шемтов

Пожелувајќи им на гостите од Израел пријатен престој во Македонија, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, изрази задоволството од зачестените средби на билатерално ниво и од последнава средба поврзана со отворањето на Меморијалниот центар посветен на холокаустот и сеќавањето на 7.144 наши сограѓани Евреи и нивната страшна судбина, депортацијатата во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.



Среда, 9 март 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со словенечкиот министер за надворешни работи, г. Самуел Жбогар

На средбата и двете страни билатералните односи ги оценија како многу добри во сите сфери од политиката, културата и економијата, а се интерес и на двете држави и затоа тие постојано се надоградуваат и прошируваат. Претседателот Трајко Вељаноски посебно ја истакна соработката меѓу двата парламенти и тоа на сите нивоа, од групите за пријателство, комисиите и на ниво на редовни средби на претседателите. Зборувајќи за актуелните состојби, претседателот на Собранието Вељаноски истакна дека во европската практика на парламентарната демократија одамна е напуштен бојкотот како метода на притисок



Среда, 9 март 2011 година

Европарламентот усвои Резолуции за Ромите, за Турција и Црна Гора

На пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува од 7 до 10 март во Стразбур, денеска, меѓу другото, беа усвоени Резолуции за Ромите, за Турција и Црна Гора



Вторник, 8 март 2011 година

Обраќање на претседателот Вељаноски на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Денешнава манифестација јас ја доживувувам како дел од комеморативните активности посветени на холокаустот и сеќавањето за 7.144 наши сограѓани Евреи, кои во 1943 беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Меѓу нив, околу половината биле деца и малолетници до 18-годишна возраст. Нивната судбина беше страшна, над 98 проценти од депортираните беа ликвидирани во овој нацистички логор. Со отворањето на Меморијалниот центар посветен на холокаустот на македонските Евреи, како граѓани и како држава, ја изразуваме нашата длабока почит кон нашите сограѓани кои брутално беа ликвидирани, а во исто време правиме значаен цивилизациски чекор кон една од основните вредности на човештвото, а тоа е толеранцијата, соживотот и почитувањето на националните верските и сите други разлики.



Вторник, 8 март 2011 година

Сто години празник на жената

Денеска се слави 100-годишнината на Меѓународниот ден на жената. 8 Март е глобален ден на кој се празнуваат економските, политичките и општествените постигнувања на жените и борбата за рамноправност со мажите.

Свое обележје на Меѓународниот ден на жената веќе неколку дена дава и Европскиот парламент, преку настани на кои се дискутира за нееднаквоста меѓу половите, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање.

Денеска во Европарламентот се расправа по два извештаи, на теми: „Рамноправноста меѓу мажите и жените“ и „Лицето на сиромашната жена во Европската унија“.

Инаку, првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, а следната година е одржана Првата меѓународна конференција на жените во Копенхаген, на која е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената. На 19 март 1911 година, овој празник за прв пат е прославен во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

За разлика од минатото, денеска жените имаат остварено голем напредок во рамноправноста, но има уште многу да се постигнува на повеќе полиња.


 



Понеделник, 7 март 2011 година

Претседателот Вељаноски му посака успешна работа на новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Питер Соренсен

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Питер Соренсен. Посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата, претседателот Вељаноски изрази целосна подготвеност и отвореност за непосредна соработка со г. Соренсен за изнаоѓање на решение за секое прашање значајно за нашиот евроинтеграционен напредок



Понеделник, 7 март 2011 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Последните случувања во јужното соседство на Европската унија и посебно во Либија, вклучувајќи ги и неодамнешните санкции од Советот за човекови права на ООН, како и актуелната состојба на блискоисточниот мировен процес, ќе бидат во фокусот на стартот од пленарната седница на Европскиот парламет, која започнува денеска, а ќе трае до 10 март во Стразбур



Петок, 4 март 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ТРИНАЕСЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

На почетокот на овој месец, излезе новото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во тековниот број, презентирани се заклучоците од седницата на Комитетот за комитетот за односи меѓу заедниците, со кои се осудува инцидентот на Кале и се апелира на одговорност, разум и мегуетничко почитување во Република Македонија.



Петок, 4 март 2011 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на својата 43. седница и на нејзиното прво продолжение, одржани на 1, односно 3 март 2011 година, ги разгледа



Петок, 4 март 2011 година

Четириесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на 1 март 2011 година ја одржа својата Четириесетта седница



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната Шеесетта седница, разгледа шест Предлог-закони



Четврток, 3 март 2011 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана на 2 март 2011 година, како матично работно тело го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија - II читање.



Четврток, 3 март 2011 година

Педесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 55. седница, како матично работно тело во второ читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција и Предлог-законот за престанување на важење на Законот за заштита од штети на полскиот имот



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 60. седница одржана на 2 март 2011 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа:



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесет и трета седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на 63. седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување-II читање и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекција на труд-II читање.



Четврток, 3 март 2011 година

Деведесет и шеста седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 1 март 2011 година ја одржа својата Деведесет и шеста седница, на која како матично работно тело разгледа девет Предлог-закони



Четврток, 3 март 2011 година

Европарламентот го одбележува Меѓународниот ден на жената

Со низа настани на кои ќе се потенцираат досегашните економски, политички и социјални достигнувања на жените, Европскиoт парламент од 3 до 8 март во Брисел и Стразбур ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената. Ќе се обрне внимание и на нееднаквоста меѓу половите која сè уште постои, сиромаштијата на жените, разликите во платата, пристапот до работни места, како и мајчинското прашање

Click