Вторник, 28 април 2009 година, Комисија за одбрана и безбедност

Деветта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Деветтата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Обединетите нации, UNIFIL во Либан.



Петок, 24 април 2009 година

Средба на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија со Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија.



Петок, 24 април 2009 година

Средба на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија со Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република.



Петок, 24 април 2009 година, Комисија за финансирање и буџет

Oсумнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Oсумнаесеттата седница како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за Царинска управа (прво читање) и едногласно заклучи дека тој е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.



Четврток, 23 април 2009 година, Комисијата за транспорт, врски и екологија

Разгледан Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Осматта седница како матично работно тело го разгледа Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, со Предлог на закон.



Четврток, 23 април 2009 година

Средба на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија со Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за политики на ЕУ при Сенатот на Република Италија.



Четврток, 23 април 2009 година

Средба на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите денеска се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешката Република.



Среда, 22 април 2009 година

ПоТретседателот на Собранието на Република Македонија г. Јани Макрадули на 60-годишнината на Советот на Европа (Љубљана 17-19 април)

„Невладиниот сектор ја предизвикува власта - како овие предизвици да прераснаст во можности” беше темата на Конгресот, кој минатиот викенд се одржа во Љубљана. Конгресот беше посветен на одбележувањето на 60-годишнината од формирањето на Советот на Европа, а во организација на „Меѓународното европско движење”.



Среда, 22 април 2009 година, Комисијата за надворешна политика

Четиринаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика ги разгледа Предлогот на законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Естонија за одбегнување на двојното одданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход, како и Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со Дополнителниот протокол за забрана на клонирање на човечки суштества и Дополнителниот протокол за трансплантација на органи и ткива од човечко суштество.



Среда, 22 април 2009, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седница го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот (прво читање).



Среда, 22 април 2009, Комисија за здравство

Разгледани Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Законот за здравствено осигурување

Комисијата за здравство на десеттата седница ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (прво читање) и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување (второ читање).



Среда, 22 април 2009, Комисија за одбрана и безбедност

Осма седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Осмата седница ги разгледа Предлогот на законот за посебните права на учесниците во мировните операции и операциите за колективната одбрана надвор од територијата на Република Македонија и на членовите на нивните семејства - И читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата.



Вторник, 14 април 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледани Предлог законите за социјалната заштита и за шумите

Комисијата за европски прашања во прво читање го разгледа Предлог законот за социјалната заштита и Предлог законот за шумите, по што едногласно констатира дека истите се прифатливи и му предлага на Собранието да се дадат на натамошно читање. Со Предлог законот за социјалната заштита ќе се овозможи недискриминација на сите ранливи категории на граѓани, што ќе значи исполнување на еден од стандардите за членство во Европската Унија. Исто така, со него се предвидува иста основица за сите корисници на социјалната помош.



Петок, 10 април 2009 година, Комисијата за труд и социјална политика

Разгледан Предлогот на законот за социјална заштита

На Шеснаесеттата седница на Комисијата за труд и социјална политика беше разгледан Предлогот на законот за социјалната заштита – Прво читање. Со овој закон се воспоставува системот на социјална заштита на граѓаните и се овозможува нивното функционирање, обезбедување услови и мерки за вршење на социјално-заштитната дејност и развивање форми на самопомош. Како нова форма на вонинституционална заштита се предвидува сместување во мал групен дом и самостојно живеење со поддршка.



Четврток, 09 април 2009 година, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција

На Десеттата седница, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција (прво читање) и Годишниот извештај на Народниот правобранител на Република Македонија за 2008 година.



Среда, 09 април 2009 година

Седница на Комисијата за надворешна политикa

На дневен ред на Комисијата за надворешна политика, меѓу другите беа разгледани Предлог законите за ратификација на Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора, за Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за перење, откривање, заплена и конфискација на приноси од казниво дело и финансирање тероризам, за Ратификација на Договорот за основање на регионално училиште за јавна администрација (РEСПА) и за Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе.



Среда, 08.04.2009 година, Седница на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Годишен извештај за работата на Народниот правобранител за 2008 година

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот при Собранието на Република Македонија на Седмата седница го разгледа Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител за 2008 година и му предложи на Собранието да го усвои. Комисијата смета дека Извештајот е стручно и комплетно изработен и во целост ги прифати препораките на Народниот правобранител како активна мерка за подобрување на општата состојба околу остварувањето на човековите права и слободи во Република Македонија.

Click